Најавување

English French German Macedonian

Архива (наслови)

„Агриџенто“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

ДОБИТНИК НА ЕВРОПСКАТА НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРА
Што може да се случи кога во градот Агриџенто на Сицилија ќе се сретнат неколку необични судбини? Еден несекојдневен лекар – кој се нурнува во историјата на антички Акрагант, а кого што на тоа патување го води големиот филозоф Емпедокле, син на тој град. Неговата ќерка Изабела, сликарка што трага по ослободување, но не во уметноста туку во непредвидливата судбина. И еден Грк кој одбира бегство и враќање кон својата прва љубов за да се спаси од презаситеноста и здодевноста на животот.

Читај повеќе: „Агриџенто“

 

„Чиракот на архитектот“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Заедно со необичниот дар за султанот, во отоманската престолнина пристигнува и малиот Џахан, кој го има само Чота, мудар и редок бел слон. Како скротувач во царската менажерија, тој се спријателува со султановата ќерка Михрима и се вљубува во неа. По игра на судбината, момчето го запознава главниот царски архитект Синан, кој го зема под своја закрила, и заедно со слонот ги создаваат највеличествените градби во историјата. Но додека ги градат овие ремек-дела, меѓу четворицата чираци на мајсторот се јавува завист, а под површината се насетуваат опасни струи...

Читај повеќе: „Чиракот на архитектот“

   

„Таму каде што припаѓаме“ - Емили Гифин

PDFПечатиЕ-пошта

( 4 Гласа )

Емили со овој роман само ја потврдува својата позиција на современа Џејн Остин. Со начинот на кој го проткајува својот текст преку хумор, искреност, оригиналност и со коментарите за современиот живот повторно го враќа на сцената, женскиот роман, но со модерен пресврт. И самата Џејн Остин сигурно би уживала читајќи го.

 

„Ластовиците од Кабул“ - Јасмина Кадра

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Јавното каменување среде Кабул на една осуденичка, уште и закопана во земја до половината, ја започнува исконската дилема за виновниците и судиите...

   

„Човекот од маглата“ - Донато Каризи

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Ноќта во која се се промени засекогаш беше ладна и магличава, во гратчето скриено меѓу сенките на Алпите. Можеби токму поради таа магла автомобилот на специјалниот агент слета од патот. Тој е во шок - не се сеќава зошто е тука каде што е, ниту пак, како стасал дотаму. Сепак, едно е сигурно: требаше да биде на некое друго место, далеку одовде...

 

„Никогаш не свртувај го погледот“ - Линвуд Баркли

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Заплетот започнува со еден излет во забавен парк. Дејвид Харвуд се надева дека безгрижниот ден со нивниот мал син ќе и помогне на жена му Џен да се ослободи од депресијата што ја чувствува во последно време. Меѓутоа Џен исчезнува. Никој не може да ја најде - а бидејќи полицијата не наоѓа докази дека таа воопшто била во паркот, приказната на Дејвид почнува да звучи сомнително. За да докаже дека е невин и да спречи да го одведат син му, Дејвид мора да се соочи со застрашувачка можност: некој е подготвен да ги уништи него и неговото семејство за да зачува една ужасна тајна...

   

Страница 3 од 70

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер