English French German Macedonian

Настани

Стратешкото партнерство „Sasas Jekhvar Jekh – Once upon a time...“ започна !

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Од 13-17-ти октомври, 2020 година, почетниот состанок и воведниот тренинг се одржаа во Унгарија. Првите два дена, го одредивме текот на имплементацијата на проектот.
Дојдовме до согласност за планот на координација и менџмент, којшто е водичот за сите проектни активности. За време на воведниот тренинг, учесниците се подготвија ментално за имплементација на планираните активности во партнерските земји.
Тоа, главно, се состоеше од следните теми:
- Ромски јазик
- Истражување и секојдневен живот
- Бајки/комуникација
- Различни инструменти за интервју, комуникација и документација со вклучени симулации и вежби
- Ракување со аудио и видео технологии за снимање.  Дополнително, го одредивме минималниот број на бајки што треба да се собере по категорија и земја, ги испланиравме мултипликаторските обуки и дојдовме до согласност за следните работни чекори.
Освен слободните активности, како на пример јавањето на коњ, секоја вечер имаше настан што посебно се истакнуваше. Заедно седевме во пријатна атмосфера со топло вино, чоколадо и колачиња, а учесниците им читаа бајки од нивната земја на останатите. Ова беше особено посебно и емотивно бидејќи сите нас не потсети на детството кога нашите родители, баби или дедовци ни читаа или раскажуваа бајки. Потоа, дискутиравме за пораката на секоја бајка и се обидувавме да ја поврзиме со нашиот секојдневен живот и секојдневниот живот на Ромите во Европа.
Учесниците потврдија дека сето ова не би можело да се направи и постигне преку онлајн состаноци. Поради тоа, навистина се надеваме дека претставници од сите партнерски земји ќе можат да се сретнат на следниот партнерски состанок, којшто е планиран да се одржи во февруари, 2021 година во Турција.
Проектот е финансиран од програмата Еразмус плус.
Повеќе фотографии на следниот линк: Facebook fotografii

 

 

Стручен собир на библиотекарите од факултетските библиотеки во Битола

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На ден 22.10.2020 г. во Националната универзитетска библиотека - Битола се одржа Првиот стручен собир на библиотекари од факултетските библиотеки. Темата на собирот беше „Организација и услуги на факултетските библиотеки на Универзитетот „Св. Климент Охридски Битола“ – развој на библиотечната дејност“. На собирот учествуваа библиотекарите од факултетските библиотеки на УКЛО и беа испочитувани сите процедури за организирање на настани за време на пандемија со ковид-19. На собирот се укажа на стручноста на библиотекарите и потреба за користење на референтна литература на студенти и научни работници на Универзитетот, но пред се и на значењето на библиотечните сервиси на ниво на Универзитетот како и потполна препознатливост во средината. На средбата исто така беа опфатени теми од организациската поставеност на факултетските библиотеки во интегриран универзитет, работа со библиотечната граѓа и корисници, управување со информации, автоматизација на библиотечното работење и изготвување на насоки за развој на библиотечната дејност што е од особено значење за евалуацијата, квалитетот и изведувањето на образовните програми на универзитетот. Како посебен дел беа обработени темите за стручно усовршување на библиотечниот кадар и можности за стекнување на стручни звања во струката.
Предавачи на Собирот беа библиотекарите м-р Јелена Петровска и Лидија Мирчевска.

 

 

 

 

 

 

Повеќе фотографии на следниот линк: Facebook link

   

Октомври месец на книгата, Конкурс за стихотворба на тема: „Есенските бои“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола  по повод месецот на книгата Октомври, Ве поканува да учествувате со своја стихотворба на конкурсот на тема: „Есенските бои“. Конкурсот е наменет за децата од одделенска настава (од второ до деветто одделение). Заинтересираните учесници својата стихотворба треба да ја испратат на следниов email: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Овој конкурс ќе трае од 21.10.2020 до 31.10.2020,  а најдобрите стихотворби ќе бидат објавени во книга.
Ве очекуваме!

 

 

 

 

 

 

 

   

Страница 4 од 258

Сподели на Facebook