English French German Macedonian

Настани

Седми саем на книгата - Битола 2010

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

 

Научна средба – 1100 години од смртта на Свети Наум Охридски

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На ден 18.05.2010 година (вторник) во Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа Научна средба по повод 1100 години од смртта на Свети Наум Охридски. На средбата присуствуваа еминентни научници од соодветната област: д-р Вера Стојчевска – Антиќ, д-р Ѓорѓи Поп Атанасов, д-р Павле Митревски, д-р Наум Целакоски, Добре Тодоровски и Владо Ѓоревски. Секој од учесниците настапи со свој труд, кој ќе биде објавен во Зборник на научни трудови.

Ова е проект одобрен од Министерството за култура за 2010 година од библиотечна дејност. Раководител на наведениот проект е Ленче Андоновска, виш библиотекар.

   

Исповед на проколнатите

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На 29.04.2010 год. во салата за промоции при НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, Сојузот на македонците од Егејот „Македон“ во соработка со Библиотеката се одржа трибината „Исповед на проколнатите“, во склоп на која имаше и изложба на книги и фотографии. На почетокот гостите ги поздрави директорот на Библиотеката Науме Ѓоргиевски. Од страна на претседателот на Друштвото на писателите на Македонија, Раде Силјан, беа претставени писателите кои во своите дела ги тангираат егејците и нивниот егзодус: Ташко Ѓоргиевски, Иван Чаповски, Паскал Гилевски и Петре Наковски. Предавање на тема „70 години од грчко-италијанската војна“ имаа писателот Иван Чаповски и историчарката Ирена Боризовска. Исто така беше проговорено за пет годишнината од возобнувањето на списанието „Глас на Егејците“ од страна на Претседателот на Светскиот Македонски конгрес, Тодор Петров.

   

Страница 238 од 280

Сподели на Facebook