English French German Macedonian

Настани

Изложби 05.12.2008 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас ) - ТЕМАТСКА ИЗЛОЖБА НА КНИГИ  “Климент Охридски”.
Во холот на Библиотеката г-дин Драги Кабровски припреми изложба на книги посветени на Климент и неговото дело од фондот со кои располага Библиотеката. На изложбата беа презентирани 80 монографски публикации кои тематски беа наменети за Климент првиот основоположник на библиотекарското дело и првата Библиотека во Македонија.
Составен дел на изложбата беа изданијата на Библиотеката, кои вкупно ги има 20 и фото изложба од Општинскиот натпревар одржан во Библиотеката во Битола и Републичкиот натпревар на Млади библиотекари одржан во Библиотеката “Искра” во Кочани каде првата награда ја освои претставникот од нашата Библиотека ученикот Мартин Јоновски од ОУ “Даме Груев” од ВИИИ  б  одд. и едно пано ликот на Св. Климент насликан од учениците.
 

Изложби 04.11.2008 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа ) ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА БИТОЛА
ИЗЛОЖБА НА КНИГИ

“БИТОЛА НЕКОГАШ И ДЕНЕС”
По повод 4 ти Ноември - Денот на ослободувањето на Битола, Националната и Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” од Битола во холот постави изложба на книги под наслов “Битола некогаш и денес” која беше прифатена и од општинската програма за одбележување на овој голем празник на градот. На изложбата беа презентирани 160 монографски публикации и стари фотографии на Битола. Книгите содржински опфаќаа временски периоди од минатото - антиката, од поблиското и подалечно културно историско минато, од општествено економскиот развој  на Битола, од научно истражувачката работа, стопанството, воспитно образовниот процес, културата изданија на Библиотеката, спортот и книги од битолски писатели членови на ДПМ.
Изложбата ја отвори градоначалникот на Битола г-дин Владимир Талески. За изложбата кратко образложение за медиумите во Битола даде г-дин Драги Кабровски вработен во Библиотеката на културни активности.
   

Изложби 5.09.2008 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа ) По повод 8 ми Септември - Денот на независноста на Р. Македонија,  (третиод Илинден) Библиотеката за негово одбележување припреми изложба на книги кои содржински се однесуваат за создавањето на државата како самостојна и суверена Република Македонија. На изложбата која е поставена во холот на Библиотеката се презентирани голем број на  монографски публикации од фондот со кој располага Националната и Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” од нашиот град.
   

Страница 237 од 255

Сподели на Facebook