English French German Macedonian

Настани

Други активности 07.12.2007 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

ЛИТЕРАТУРНО ЧИТАЊЕ “ПОЕТСКИ БРАНУВАЊА - 2007”

Националната установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” од Битола по повод Патрониот празник на ден 07.12.2007 година, (петок) со почеток во 11.00 часот ја организираше четиринаесеттата традиционална литературна средба насловена како: “ПОЕТСКИ БРАНУВАЊА- 2007”. На средбата учество зедоја ученици членови на Литературните секции при Основните училишта од градот за која рокот за пријавување беше до 04.12.2007 година.

 

Други активности 10.06.2007 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

ДЕН НА КУЛТУРАТА

Во рамките на манифестацијата “Ден на културата” на 10.06.2007 година, во 10.00 часот на плоштадот Магнолија НУУБ “Св. Климент Охридски” од Битола организираше Панаѓур на книгата каде што можеше да се разгледаат најнови книги и по пониски цени од вообичаените да се купат. Панаѓурот привлече голем број посетители од градот и пошироко.

   

Други активности 23.05.2007 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

ТРКАЛЕЗНА МАСА-ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ПИСАТЕЛИТЕ

Тркалезната маса се одржа во роднокрајниот оддел на Библиотеката истиот ден со почеток во 10 часот, писателите ги најавуваше г-дин Николче Валјановски вработен во Библиотеката.

   

Страница 234 од 255

Сподели на Facebook