English French German Macedonian

Настани

Изложби 30.01. 2009 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас ) 30.01.1909г. Во Гостивар е роден академикот д-р Харалампие Поленаковиќ, еден од основоположниците на историјата на македонската литература, истакнат македонски научен и културен работник, долгогодишен редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје и еден од првите членови на Македонската академија на науките и уметностите. Тој е автор на голем број трудови од областа на македонската уметност и народна литература, како и од областа на литературите на другите словенски народи. Неговиот научен опус опфаќа повеќе од 1000 библиографски единици. Умре во Скопје на 15.02.1984 година.
 

Изложби 30.01.2009 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас ) 30.01.1830 г. Во  Охрид е  роден  Григор Прличев, еден од најпознатите македонски писатели од 19 век. Меѓу најпознатите негови остварувања се поемите “Сердарот”и “Скендер-бег” и познатото дело “Афтобиографија”. Со поемата “Сердарот” за која на поетскиот конкурс во Атина доби ловоров венец, ја издигна македонската литература меѓу најпознатите на балканот во тоа време. Умре во Охрид на 6.02.1893 година.
   

Изложби 29.01.2009 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас ) 29.01.1866 г. Роден е Ромен Ролан, француски раскажувач, романсиер, драматург, музиколог и борец за мир и демократија. Познати се неговите дела “Жан Кристоф”, “Кола Брењон”, “Маѓепсана душа”, “Четиринаесетти јули”, “Дантон”, потоа делата за животот на Бетовен, на Микеланџело и на Толстој. Во 1915 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре на 30.12.1894 година.
   

Страница 230 од 256

Сподели на Facebook