English French German Macedonian

Настани

Македонскиот јазик во ЕПАЛЕ – можности за библиотеките

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На 24.11.2020 година се одржа првиот од серијата промотивни настани поврзани со воведувањето на македонскиот јазик во ЕПАЛЕ Платформата.
Средбата се одржа во соработка со ЕПАЛЕ амбасадорката Фатма Бајрам Аземовска и  НУУБ „Св.Климент Охридски, “ – Битола, а наши гости беа претставници на повеќе библиотеки од пелагонискиот регион.
На средбата воведен збор имаше Марко Ѓоргиевски, в.д директор во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка. Тој искажа задоволство затоа што циклусот промотивни настани поврзани со оваа за нас многу важна работа започнува со библиотеките.

Читај повеќе: Македонскиот јазик во ЕПАЛЕ – можности за библиотеките

 

Биди Cool и прати ни Selfie со твојата домашна библиотека

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Почитувани, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, на огромно задоволство од големиот број испратени фотографии за конкурсот „Биди Cool и прати ни Selfie со твојата домашна библиотека“, ги прогласи следниве кандидати како најкреативни и добитници на наградата едногодишна бесплатна членарина:

 

 

 

Филип Илковски 5-5 одд. ОУ "Св. Климент Охридски" - Битола

 


 

 

 

 

 

 

 

 

 

Давид Трајкоски, I-4 одд. ОУ "Св. Климент Охридски" - Битола

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Јована Атанасовска II-5 одд

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


 

 

Павел Талевски, IX 2 одд.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Евгенија Кoневска I О.У. „Тодор Ангелевски“ - Битола

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Добитниците можат својата награда да ја добијат при зачленувањето или при продолжување на членството на шалтер за издавање на книги, секој работен ден од 7:00 до 20:00.

А на сите останати и на добитниците им благодариме на учеството и се надеваме дека и натаму ќе ги пратат сите наши активности и ќе земат активно учество во истите.

   

Литературен конкурс „Раскажи ми приказна“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На ден 30.10.2020 година во просториите на Библиотеката се промовираа расказите кои се дел од проектот „Мојата дигална сликовница“. Расказите се заеднички проект на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола и Едукативен центар „Едусфера“ – Битола. Во изминатиот период претходеше јавен повик до сите заинтересирани ученици да достават раскази по слободен избор. Најдобрите раскази беа наградени со доделување на книги и благодарници на сите кои учествуваа. Во некои од расказите се спознава воспитната порака за семејството и семејните вредности, другарството, пријателството, нивните фантазии, нивните омилени јунаци и многу други интересни теми. Расказите ќе бидат достапани на македонски, англиски и германски јазик.
Сите приказни се раскажани ! Очекувајте ги нашите дигитални аудио сликовници на нашава web страна !
Проектот е финансиран од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Координатор на проектот м-р Фатма Бајрам Аземовска
Повеќе фотографии на следниот линк: Facebook фотографии

   

Страница 3 од 258

Сподели на Facebook