English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

Промоции 26.04.2007 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 3 Гласа ) На 26.04.2007 година, во салата за промоции на Библиотеката во 12 часот се одржа промоција на новата книга збирка на поезија “Вртлогот на занесот” од младата поетеса Ирена Црвенковска од Битола.
 

Промоции 29.03.2007 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

СРЕДБА СО ДЕТСКИОТ ПИСАТЕЛ ГОРЈАН ПЕТРЕВСКИ

Во рамките на културната манифестација “Денови на Библиотеката” во салата за промоции на Библиотеката на овој ден се одржа средба со детскиот писател Горјан Петревски од Скопје. За делото на писателот говореше Радован П. Цветкопвски од Битола. Средбата беше проследена и со музички точки во исполнение на градскиот детскиот хор “Свончиња”. На оваа средба гостуваа ученици од ОУ “Гоце Делчев “, “Ѓорѓи Сугарев” и “Елпида Караманди” од Битола.

   

Промоции 27.03.2007 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

ПРОМОЦИЈА НА БИБЛИОГРАФИЈА

По повод културната манифестација “Денови на библиотеката” организирана во чест на 62 годишното постоење на Библиотеката “Св. Климент Охридски” од Битола, на ден 27.03.2007 година (вторник) со почеток во 12 часот во салата за промоции се одржа промоција на “Библиографија за Вера Стојчевска-Антиќ” од Јоланда Бошевска, Цветанка Дамјановска, Лена Секуловска. Промотори на Библиографијата беа: Д-р Александар Стерјовски и проф. д-р Димитар Пандев.

   

Страница 196 од 198

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер