English French German Macedonian

Настани

СВЕТСКИ ДЕН НА КНИГАТА И АВТОРСКОТО ПРАВО

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

 

„Помеѓу јавноста и приватноста: библиотеките во времето на е-книгата“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

„Помеѓу јавноста и приватноста: библиотеките во времето на е-книгата“ од авторките Александра Хорват и Даниела Живковиќ во издание на Хрватската Академска издавачка куќа е најновата книга на овие две еминентни познавачи на информациските науки. Таа претставува логично продолжение на нивната претходна книга "Библиотеките и авторското право" која можете бесплатно да ја симнете на http://darhiv.ffzg.hr/2002/ . „Помеѓу јавноста и приватноста: библиотеките во времето на е-книгата“ е од исклучителна важност за библиотекарско-информациските науки и претставува современ приказ на денешните состојби концентрирајќи се на феноменот на електронската книга и заштитата на приватните податоци на корисниците во дигиталната ера. За повеќе информации погледнете го деталниот приказ на книгата.

   

Гости од најстарото училиште во Битола

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Ни припадна честа денеска, учениците од четврто одделение од најстарото училиште во градот под Пелистер  ОУ „Гоце Делчев“ – Битола,  да ни бидат гости во Библиотеката. Посетата се состоеше во запознавање на децата со работењето на библиотеката. Одржанатa  презентација беше за сите форми на работа во библиотеката и децата ги разгледаа книгите кои се соодветни за нивната возраст. Учениците кои ја посетија библиотеката  беа од мултиетнички состав.

 

 

 

   

Страница 190 од 254

Сподели на Facebook