“Творештвото на битолскиот писател Никола Кочовски“
Последно освежено на Понеделник, 19 Август 2013 11:34 Објавено од Фатма Бајрам Понеделник, 12 Август 2013 10:09
На 9 август, во читалната на Роднокрајното одделени при НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола, а во рамките на Битолско културно лето (БИТФЕСТ) и манифестацијата „Битолски книжевни паметења“, вториот ден се одржа Тркалезна маса на тема: “Творештвото на битолскиот писател Никола Кочовски“. На средбата свои излагања имаа писателите: Добре Тодоровски, Панде Манојлов, Петре Димовски, Петко Шипинкаровски од Струга, Тоде Иванов од Охрид, Милица Радевска Димитријоска, Билјана Талевска Димко, а од името на Владимир Костов за творештвото на Кочовски излагаше д-р Николче Вељановски. Гостин на Средбата беше писателот Иван Чаповски.