English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

Исповед на проколнатите

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На 29.04.2010 год. во салата за промоции при НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, Сојузот на македонците од Егејот „Македон“ во соработка со Библиотеката се одржа трибината „Исповед на проколнатите“, во склоп на која имаше и изложба на книги и фотографии. На почетокот гостите ги поздрави директорот на Библиотеката Науме Ѓоргиевски. Од страна на претседателот на Друштвото на писателите на Македонија, Раде Силјан, беа претставени писателите кои во своите дела ги тангираат егејците и нивниот егзодус: Ташко Ѓоргиевски, Иван Чаповски, Паскал Гилевски и Петре Наковски. Предавање на тема „70 години од грчко-италијанската војна“ имаа писателот Иван Чаповски и историчарката Ирена Боризовска. Исто така беше проговорено за пет годишнината од возобнувањето на списанието „Глас на Егејците“ од страна на Претседателот на Светскиот Македонски конгрес, Тодор Петров.

 

Одбележување на 65 години од основањето на битолската библиотека

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола претставува современа културно - образовна институција со развиена библиотечна дејност. Од своето основање, па сé до денес, таа ја продолжува богатата културна традиција на град Битола и претставува институција што на своите читатели постојано им нуди нови наслови, содржини и културни настани кои го збогатуваат културниот живот, а исто така придонесува за унапредување на стручната и научно – истражувачката дејност.
На 25 март 2010 Библиотеката во Битола одбележa два јубилеи:

Читај повеќе: Одбележување на 65 години од основањето на битолската библиотека

   

Промоција на книгата „Библиотеките во Битола“ во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово

PDFПечатиЕ-пошта

( 3 Гласа )

На 20.12.2009 година (недела), во 19.30 часот, во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово се одржа промоција на книгата „Библиотеките во Битола“ од авторите Анета Стефановска и Науме Ѓоргиевски. Промотори на книгата беа Миле Бошески и д-р Михајло Георгиевски, а водител беше Анита Ангелевска.

За да видете повеќе слики кликнете ТУКА

   

Страница 190 од 232

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер