English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

НУУБ „Св.Климент Охридски„ - Битола го одбележува 23 Октомври - Денот на македонската револуционерн

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Македонија годинава по петти пат го празнува 23 Октомври како државен празник.


На овој ден 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.


Формирањето на ВМРО значеше почеток на организираното македонско револуционерно движење  кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ  резултира со создавање  модерна самостојна македонска држава.


По повод  23 Октомври – денот на македонската револуционерна борба, НУУБ „Св. Климент Охридски“ од Битола, во холот на Библиотеката припреми комбинирана изложба на книги кои се тематски поврзани со празникот .

Изложбата ќе биде отворена од 21–29 Октомври 2011. Влезот е слободен од  07 до 20 часот

 

 

20 години независна Република Македонија

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )


По повод 20 годишнината од осамостојувањето на Република Македонија, НУУБ „Св. Климент Охридски“ од Битола, во холот на Библиотеката припреми комбинирана изложба на книги кои се тематски поврзани со државноста на Македонија и статии објавени во весниците за референдумот кој се одржа на 8 септември 1991 година.

   

Портрет на писателот Радован П. Цветковски

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

По повод одбележувањето на 80 години од раѓањето и 40 години од објавата на првата поетска книга на Радован П. Цветковски, на ден 02.09.2011, НУ - Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола и Битолскиот книжевен круг организираа Портрет на писателот Радован П. Цветковски.

 

За делото говореа Петре Димовски, Добре Тодоровски, Милица Димитријовска - Радевска приредувач на книгата „Критиката за делото на Радован П. Цветковски.

 

 

 

 

 

 

 

   

Страница 189 од 239

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер