English French German Macedonian

Настани

Библиотеката промовираше седум изданија по повод патрониот празник

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )



Традиционално, како и секоја година, НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола на ден 06.12.2013 година го одбележа својот патронен праник. По тој повод промовирани беа 7 изданија чиј издавач е библиотеката.
„Празникот се поврзува со крајот на годината и реализација на сите проекти што ги имавме зададено пред нас како задача. Успешно се завршени сите проекти финасирани од Министерството за култура, од сопствени приходи. Денес, како крај на сите проекти и најава на успешен старт на следната година, ќе бидат промовирани седум иданија, каде  како издавач се појавува нашата институција, а како автори се вработени во Универзитетската библиотека „Св.Климент  Охридски“ рече директорот Науме Ѓоргиевски.
Тој посебно се осврна на ДВД изданието „Звукот на брановите, наменето за лицата со оштетен слух, чиј раководител на проектот е Светлана Талеска вработена во библиотеката.
„Би напоменал уште еден значаен проект, а тоа е промоцијата на ДВД наменето за лица со оштетен слух и говор, е единствено што е издадено во Република Македонија. На тој начин покажуваме дека оваа установа води грижа за лицата кои имаат проблеми со слухот и говорот. Исто така, ги потсетуваме лицата со оштетен вид дека го поседуваме целокупниот материјал што е печатен во Македонија со брајева азбука и ги повикуваме да дојдат и да ја посетат библиотеката и да ги користат сите материјали што ги нуди нашата институција“ рече директорот Ѓоргиевски.
По повод патрониот празник, промовиран беше и зборник на научни трудови. „Овој зборник содржи научни трудови кои беа презентирани на работилницата за значењето на книгата. Тоа беше проект одобрен и финансиран од  Општината Битола, а се реализираше во рамките на Битолското културно лето „Битфест 2013“. Работилницата се одржа во месец јули годинава, а учество зедоа 10 еминентни професори од Битола, кои имаат трудови во врска со значењето на книгата. Токму тие трудови ги промовираме во печатен „Зборник на научни трудови 2013“. Сакам да изразам голема благодарност до градоначалникот на општина Битла Владимир Талески, кој го прифати овој проект, како и на професорите кои присустуваа на работилницата “ рече  Ленче Андоновска, раководител на проектот.
Исто така, на патрониот празник на библиотеката, беа промовирани уште 4-ри изданија. „Списанието  „Библиотечен тренд“ кое секоја година се печати како двоброј на крајот на годината, а содржи трудови на наши вработени, како и трудови кои ги добиваме од други библиотеки. Исто така, треба да се посочи и зборникот од тркалезната маса на битолските автори, кој е осми по ред, а треба  да се споменат уште две книги, монографски публикации, „Библиотечната  дејност во Битола и Битолско“, што е втора книга. Овој дел е посветен на нашата библиотека од 1974 година па наваму, од авторите. Анета Стефановска, Науме Ѓоргиевски, Илче Стојановски, Гордана Пешевска, Јоланда Бошевска, Цветанка Дамјановска, Благој Николов и Зоран Јанакиевски
Ја содржи историјата на библиотекарството до денешниот ден и сите вработени кои поминале низ библиотеката со кратки биографски податоци. Втората книга „Развојот на библиотекарството во Битола и Битолско и видови библиотеки “,чии автори се: Анета Стефановска,  Науме Ѓорѓиевски и Благој Николов кое исто така е монографска публикација каде се сублимирани сите податоци за сите библиотеки кои што работат и работеле во Битола од периодот по Втората светска војна до денес“  рече Благој Николов, раководител на сектор во НУУБ „Св.Климент Охридски – Битола. 
На крајот следеше промоцијата на  изданието „Никола Кочовски – персонална библиографија“,  а вработените Јоланда Бошевска и Цветанка Дамјановска ја составија, уредија и редактираа  оваа персонална библиографија
Промотори на изданијата беа Милица Радевска и Добре Тодоровски         


 

Патронат на Библиотеката - 2013

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

   

Свечено одбележување на Патронатот на Библиотеката

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Ни претставува посебна чест да Ве поканиме на свеченото одбележување на Патронатот на Библиотеката „Свети Климент Охридски“.

06.12.2013 (петок) во 12 часот во НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола (сала за промоции).

ПРОГРАМА

Поздравна реч г-дин Науме Ѓоргиевски директор на НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола.
Промоција на изданијата:
Осма роднокрајна средба со битолските писатели од Македонија - Зборник на излагања

Зборник на научни трудови од Работилницата за значењето на книгата 10.07.2013 година, Битола

Библиотечен тренд, бр. 35-36, 2013

Звукот на брановите - DVD


Промотор Милица Радевска

Библиотечната дејност во Битола и Битолско. Книга 2. Од 1974 до 2013 година.

Развојот на библиотекарството во Битола и Битолско и видови библиотеки.

Никола Кочовски - Персонална библиографија


Промотор Добре Тодоровски

Доделување награди за читател на годината

   

Страница 187 од 258

Сподели на Facebook