По повод светскиот ден на книгата и авторското право, беше организирана пригодна манифестација од НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола.
Идејата за одбележување на овој ден потекнува од Каталонија, каде на 23-ти Април на денот на католичкиот празник Св.Јурја, традиционално се подарува ружа за секоја подарена книга , традиција која трае скоро 100 години. Се смета дека токму оваа дата е избрана затоа што на 23-ти Април како повод е земена и смртта на великаните на светската книжевност Мигуел Де Сервантес и Вилијам Шекспир.
( 0 Гласа )Директорот на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола г–дин Науме Ѓорѓиевски оствари работна средба со претставници од Конгресната библиотека – Соединетите Американски Држави (Library of Congress) и Светската дигитална библиотека (World Digital Library) со господата Mr. Grant G. Harris and Mr. Jason Yasner и претставници од американската амбасада во Р.Македонија.
Да се стигне до македонското село Пустец во Албанија и да се присуствува макар и еден ден е големо доживување. Селото е оддалечено 25 километри од Корча, еден од поголемите албански градови, но како да е оддалечено стотици години од сегашноста. Пустец и околните девет села се населени исклучиво со Македонци. Македонците од Пустец прават се за да си го говорат и зачуваат својот чист македонски јазик. Во Пустец и уште осум околни села живеат само Македонци, на македонски јазик државата Албанија им дозволува да учат само до четврто одделение.
Директорот на НУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола г –дин Науме Ѓорѓиевски оствари работна средба со директорот на основото - средното училиште г –дин Михалаќ Апостоловски од Пустец – Република Албанија.
На средбата се разговараше за проблемите, потребите и дефинирање на наредните чекори за идна соработка меѓу двете институции. Првите активности ќе се реализираат во месец Мај, како и ќе следува потпишување на меморандум за соработка.