English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

Осми саем на книгата - Битола 2011

PDFПечатиЕ-пошта

( 6 Гласа )

 

Книги од пред еден век на изложба во Битола

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Стотина раритетни книги со кои располага битолската библиотека првпат ќе бидат јавно изложени на музејска поставка во приземниот дел, кој наскоро ќе биде ентериерно преуреден. Библиотечна изложба ќе биде постојана. Ретките книги кои ќе бидат изложени датираат од 19 и почетокот на 20 век, а претежно се напишани на француски, англиски, бугарски и грчки јазик. Меѓу најстарите во збирката ќе биде „Книга за Илија Коларац“ од 1896 година, објавена на српски јазик за еден од најголемите помагачи на книжевноста на Балканот во 19 век. Потоа, Грчки атлас од 1905 година со карти од светот и од Балканот, Руска енциклопедија од 1910 година, „Портфолио на светот“ од истата година, еден од ретките примероци на „Војна и мир“ од Толстој, печатен во Москва во 1912 година. Освен книги ќе бидат изложени и најстарите весници што се печателе во Битола, и тоа „Пелистерско ехо“ од 1911 година, првиот број на „Пелагонија“ објавен во 1945 година и други.

Читај повеќе: Книги од пред еден век на изложба во Битола

   

Промоција на „Бранувања“, портрет на авторот Христо Петрески и изложба на книги од струшки автори

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ од Битола, на 4 март 2011 година, со почеток во 12 часот во салата за промоции се одржа промоција на списанието „Бранувања“ и портрет на писателот Христо Петрески од Скопје. Како пропратен дел од програмата во холот на Библиотеката беше поставена изложба на книги од струшки автори. Пред присутните гости поздравна реч имаше директорот на Библиотеката г-дин Науме Ѓоргиевски. Промотор на списанието беше проф. д-р Виолета Маневска од Струга, свое обраќање за списанието имаше и м-р Мерсиха Исмајлоска, а песната Т'га за југ ја изрецитира правнукот на Миладиновци. За творештвото во отсуство на авторот Христо Петрески говореше г-дин Петре Шипинкаровски од Струга уредник на списанието. Во салата за промоции на витрина беа изложени делата на авторот Христо Петрески по повод неговиот портрет.                         Подготвил г-дин Драги Кабровски

   

Страница 185 од 231

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер