English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

Промоции 07.03.2008 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

ПРЕДАВАЊЕ И ИЗЛОЖБА НА КНИГИ

По повод 8 Март - Денот на жената, Здружението на уметници ракотворци “Македонски ракотворби” - Битола и Националната установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”- Битола,. на 07.03.2008 година,  во салата за промоции на Библиотеката во 18 часот организираја Трибина на тема “Жената низ традицијата и современото живеење” воведничар на темата беше г-ѓа  Павлина Јовановска. Со свои излагања учество зедоја и г-ѓа Јулијана Петровска претседател на ЗУР, г-ѓа Даринка Крстанова почесен конзул на Руската Федерација во Битола, г-ѓа Марија Герас - Дочовска претприемач од Битола и г-ѓа Биљана Опашинова од организацијата на жени од Битола а во холот на Библиотеката беше отворена Изложба на книги насловена како “Жени писатели од Македонија”.

 

Промоции 21.2.2008 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

ПРОМОЦИЈА НА ИЗДАНИЈАТА:

-Чехословачки дипломатски документи за Македонија, во избор и редакција на проф. д-р Новица Велјановски и проф. д-р Јан Рихлик и Крсте Мисирков, Писма, 1912-1917, во предговор и редакција на д-р Ростислав Терзиоски

Промотор проф. д-р Новица Велјановски

- Македонија во времето на Османлиското владеење, во редакција на д-р Драги Ѓоргиев и

- Турски документи за оружените борби во Македонија 1903-1908, во превод, редакција и коментар на д-р Драги Ѓоргиев

Промотор д-р Драги Ѓоргиев

   

Промоции 14.12.2007 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа ) Библиотеката во рамките на Програмата за одбележување на Патрониот празник на ден 14.12.2007 година, во салата за промоции со почеток во 12.00 часот организираше промоција на книгата “ГОЛЕМАТА ИЗМАМА” од Петре Наковски. Промотори на книгата беа: Трајан Петровски и Бранко Цветковски од Скопје.
   

Страница 183 од 190

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер