Надградба на поткровје на Библиотеката
Објавено од Administrator Среда, 24 Септември 2014 09:13
Заврши третата фаза од надградбата на поткровјето во НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола.
Почнувајќи од 10 јуни 2014 година, па до септември 2014 година, се извршија потребните градежно - занаетчиски работи во поткровниот простор на новото крило од Библиотеката.
Добиени се современи функционални простори кои ќе бидат наменети за нови читални со сите пропратни делови.
Останува истите да се опремат со потребниот мебел и инвентар, како би биле ставени во функција и располагање на корисниците - читателите, членови на Библиотеката.
За оваа намена, аплицирано е со проекти во Министерството за култура на Р. Македонија за 2015 година.