English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

Поетско - музички рецитал, креативен летопис на Димитар Димитровски - Такец

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

На 01.09.2010, точно на пладне, во малата сала на Центарот за култура беше одржан поетско - музичкиот рецитал и креативен летопис на Димитар Димитровски – Такец по повод 88 години живот и 70 години сестрано творештво. На истиот беше претставена неговата сестраност како автор, уметник, културен деец, новинар и спортист. Карактеристична беше неговата уметничка програма исполнета со дела на Шуман, Дворжак, Шопен, кои во придружба на проф. м-р. Мери Кавкалевска Стоилкова ги доближи до пошироката јавност. Присутните беа удостоени и со изведбата на Јасмина Димитровска, академски вокал а воедно и внука на Димитар Димитровски Такец, како и со рецитирањето на Елена Моше, Димче Миновски и Борче Лазаревиќ. Воедно, промотивно беше изведена и молитвената песна „Камбани на љубовта“ посветена на големиот христијанин и хуманист Тоше Проевски во пресрет на три - годишнината од неговата трагична смрт. Повеќе слики од самиот настан може да се погледаат во Одделот галерии.

Во склоп на самиот настан НУУБ „Св. Климент Охридски“, во својот хол, организира изложба на статии од Димитар Димитровски - Такец објавени во Битолски весник (во периодот од 1995 до 1999 година) во рубриката „Времиња, луѓе и настани“. Изложбата на која се прикажани над 200 статии може да се погледа секој работен ден од 7 до 20 часот.

 

 

Мини саем на книгата од 20.07.2010 до 31.07.2010

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Во периодот од 20.07.2010 до 31.07.2010 во органицазија на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола се одржува Мини саем на книгата. На Саемот има богата понуда од повеќе издавачки куќи: белетристика, енциклопедии, речници, монографии, детски книги и сл. Понудените книги можат да се набават по пристапни цени. Повелете, посетете нè на Плоштад „Магнолија“ секој ден од 10 до 22 часот.

 

 

 

 

 

   

Поетите пеат за Битола

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На ден 26.07.2010 во 21 часот во органицација на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола во Магазата се одржа манифестацијата Поетите пеат за Битола. Изборот на поезијата, музиката и сценариото беше во режија на Благој Николов, а стиховите ги говореа Соња Ошавкова и Душко Јовановиќ.

 

 

 

 

 

 

 

   

Страница 182 од 225

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер