English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

Промоција на прирачник

PDFПечатиЕ-пошта

( 7 Гласа )

НУ - Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола

организира

Промоција на прирачникот за наставници

ИНСТРУМЕНТИ И ТЕХНИКИ ЗА СЛЕДЕЊЕ И ОЦЕНУВАЊЕ НА
УЧЕНИЦИТЕ ВО ОДДЕЛЕНСКА НАСТАВА

Автор - Билјана Чурлевска Маневска

Поздравна реч
г-дин Науме Ѓоргиевски директор на
НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола

Промотори:
г-ѓа Слободанка Ристевска
г-ѓа Снежана Стојанова

25.10.2013 (петок) во 18 часот
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
(сала за промоции)

 

“Творештвото на битолскиот писател Никола Кочовски“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На 9 август, во читалната на Роднокрајното одделени при НУУБ „Св. Климент Охридски“  Битола, а во рамките на Битолско културно лето (БИТФЕСТ) и манифестацијата „Битолски книжевни паметења“, вториот ден се одржа Тркалезна маса на тема: “Творештвото на битолскиот писател Никола Кочовски“. На средбата свои излагања имаа писателите: Добре Тодоровски, Панде Манојлов, Петре Димовски, Петко Шипинкаровски од Струга, Тоде Иванов од Охрид, Милица Радевска Димитријоска, Билјана Талевска Димко, а од името на Владимир Костов за творештвото на Кочовски излагаше д-р Николче Вељановски. Гостин на Средбата беше писателот Иван Чаповски.

 

 

   

Природата и и животните низ фокусто на чудните доживување на фотографот Миле Илоски

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Секоја фотографија претставува миг светлина заробен од чувствата на фотографот. Чудните доживувања на фотографот се чудни за нас набљудувачите, додека за фотографот претставуваат нормален израз на развиените сензори на душата кои поинаку ја доживуваат и рефлектираат светлината низ објективот на својата фотокамера.Љубителите на природата не можат секогаш да се донасладат на убавините на природата и во еден процес на возвишување кон убавото ја земаат својата фотокамера и се обидуваат низ своите фотографии да ги споделат емоциите со што е можно поголем број на луѓе.Со возбудата на моментот на правењето на фотографијата, фотографиите ги облагородуваат сите кои малку подзаборавиле да комуницираат со природата. Оваа изложба е токму посетување за сите посетители да уживаат во природата и ако добијат инспирација да се возвишат кон убавото со својата фотокамера да дадат придонес кон заробувањето на што е можно повеќе страст на која на најубав начин ни ја прикажува фотографот Миле  Илоски.  Изложбата се реализира во рамките на БИТФЕСТ 2013 година, носител на проектот е невладината организација „Биосфера„ во  соработка со НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола. Изложбата ќе биде отворена од 19.07.-23.07.2013 година, во холот на Библиотеката.

 

 

 

   

Страница 181 од 250

Сподели на Facebook
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер