English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

Предавања 07.03.2008 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

ПРЕДАВАЊЕ И ИЗЛОЖБА НА КНИГИ

По повод 8 Март - Денот на жената, Здружението на уметници ракотворци “Македонски ракотворби” - Битола и Националната установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”- Битола,. на 07.03.2008 година,  во салата за промоции на Библиотеката во 18 часот организираја Трибина на тема “Жената низ традицијата и современото живеење” воведничар на темата беше г-ѓа  Павлина Јовановска. Со свои излагања учество зедоја и г-ѓа Јулијана Петровска претседател на ЗУР, г-ѓа Даринка Крстанова почесен конзул на Руската Федерација во Битола, г-ѓа Марија Герас - Дочовска претприемач од Битола и г-ѓа Биљана Опашинова од организацијата на жени од Битола а во холот на Библиотеката беше отворена Изложба на книги насловена како “Жени писатели од Македонија”.

 

Предавања 06.07.2007 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

ПРЕДАВАЊЕ “ГРБОВИТЕ СВЕДОШТВО НА ДРЖАВНОСТА”

Во салата за промоции на Библиотеката на ден 06.07.2007 година со почеток во 12 часот се одржа предавање на тема “Грбовите сведоштво на државноста”. Предавањето го одржа г-дин Јован Јоновски, Хералд и претседател на Македонско  хералдичко здружение.

   

Изложби 05.12.2008 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас ) - ТЕМАТСКА ИЗЛОЖБА НА КНИГИ  “Климент Охридски”.
Во холот на Библиотеката г-дин Драги Кабровски припреми изложба на книги посветени на Климент и неговото дело од фондот со кои располага Библиотеката. На изложбата беа презентирани 80 монографски публикации кои тематски беа наменети за Климент првиот основоположник на библиотекарското дело и првата Библиотека во Македонија.
Составен дел на изложбата беа изданијата на Библиотеката, кои вкупно ги има 20 и фото изложба од Општинскиот натпревар одржан во Библиотеката во Битола и Републичкиот натпревар на Млади библиотекари одржан во Библиотеката “Искра” во Кочани каде првата награда ја освои претставникот од нашата Библиотека ученикот Мартин Јоновски од ОУ “Даме Груев” од ВИИИ  б  одд. и едно пано ликот на Св. Климент насликан од учениците.
   

Страница 162 од 180

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер