English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

Поетско читање

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

За љубителите на поезијата.
Оние кои пишуваат и оние кои уживаат во неа.
Ве покануваме на 25-ти Јануари 2020 година, со почеток во 12 часот, во просториите на НУ Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола.
Песните што ќе ги читаме можат да бидат лични, но можат да бидат и од нашите омилени автори. Но поканети се и оние кои едноставно уживаат во нотите на пишаниот збор.
Настанот е организиран од фб групата Размена на книги и книжевни муабети, во соработка со НУ Универзитетската библиотека „Св Климент Охридски“ - Битола.
Со задоволство Ве очекуваме и заедно да уживаме.
Вашето присуство потврдете го со пополнување на прашалникот
https://www.surveymonkey.com/r/G73WKLT

 

Курс по ИТ вештини

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Почитувани, повелете на краткиот курс од 7 часа за ИТ вештини од областа на фотошоп, илустратор и видео едитирање.
Часовите ќе се одржуваат еднаш неделно и ќе траат до средината на февруари 2020 година.
Овој курс ќе го држи волонтерот Андреи од Романија кој е дел од ЕВС проектот „Кажи да за промена“ финансиран од Еразмус + програмата.
Сите заинтересирани ќе треба да носат свој лап-топ (може и двајца на еден).
За подетални информации и пријавување на е-маил Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .
Првиот час ќе се одржи на ден 09.01.2020 година, со почеток во 17 часот во Читалните, во просториите на Библиотеката.

Местата се ограничени.

   

Учениците од ОУ „Гоце Делчев“ го креираа празничниот изглед на детскиот оддел

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола следејќи ја својата мисија како мултифункционален образовен и културен центар во градот и ова година во пресрет на божиќните и новогодишните празници се погрижи со своите програми и активности да ја воспостави врска со граѓаните на Битола, заеднички да го осмислат и уредат просторот во Библиотеката, особено за нејзините најмлади читатели.

Во соработка со ОУ „Гоце Делчев“ и наставничка Розита Радевска учениците учествуваа во празнично украсување на Детскиот Оддел во Библиотеката. Во добро расположение, опкружени со книги и омилени ликови од домашната и светска литература, најмладите цртаа и боеја, сечеа снегулки од хартија и се погрижија омиленото место во градот да го обојат со љубов, радост и детската фантазија.

 

 

 

 

 

 

 

   

Страница 10 од 250

Сподели на Facebook
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер