English French German Macedonian

Настани

ЗАПОЧНУВАМЕ СО ОРГАНИЗИРАЊЕ НА НАСТАНИ, ПРОМОЦИИ, КОНФЕРЕНЦИИ

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Почитувани,

Од понеделник 21.09.2020 год. се отвораат двете сали за промоции во Библиотеката, во согласност со препораките на Владата и Министерство за култура, почитувајќи ги сите хигиенски и просторни мерки.

Дополнително, во организацијата на настаните ќе биде задолжително носење на маски, одржување на физичка дистанца, дезинфекција на раце и засилени санитарно-хигиенски мерки.

 

Читај повеќе: ЗАПОЧНУВАМЕ СО ОРГАНИЗИРАЊЕ НА НАСТАНИ, ПРОМОЦИИ, КОНФЕРЕНЦИИ

 

Промоцијата на едицијата „Децата го менуваат светот“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Промоцијата на едицијата „Децата го менуваат светот“ од авторката д-р Горица Поповска Налевска во издание на Топер, се одржа на ден 14.08.2020 во просториите на НУУБ „Св.Климент Охридски“- Битола, каде авторката реализира интерактивна работилница со децата, на која децата се запознаа со дел од ликовите во сликовниците и имаа можност на креативен начин да ги презентираат обработените теми, меѓучовечките односи , вредности и чувства. Едицијата „Децата го менуваат светот“ составена од 7 сликовници, праќаат силна порака за децата која е со поучен карактер од аспект на развивање на морални вредности, емпатија и алтруизам. Децата преку овие приказни ќе дознаат за значењето на различностите, другарството и почитувањето, да покажат трпение, љубезност и да се однесуваат со почит кон другите, истакна авторот д-р Горица Поповска Налевска.

Многу често кога се зборува за инклузијата на децата со попреченост, првенствено се мисли на обрзовната инклузија, но вистинската инклузија, не започнува и не завршува само во училиштата. Првиот чекор кон вистинска инклузивна заедница треба да се направи во рамките на семејството каде детето ги усвојува првите начини на однесување, првите навики, ставови и вештини. Децата учат според „модел“. Првиот модел на детето се родителите и нивните постапки – внимание, грижа за семејството, односи со пријатели, соседи, роднини, домашни миленици…

Емпатијата е вештина што се стекнува и се развива преку секојдневно вежбање низ разни животни ситуации. Емпатијата кај децата се развива околу третата година (бидејќи дотогаш децата се егоцентрични, насочени кон себе и кон задоволување на сопствените потреби), а токму емпатијата им овозможува да ја надминат себичноста и да развиваат чувствата за другите. Емпатичните деца се поуспешни во социјалните односи и имаат повеќе врски со врсниците. Тие често се омилени во врсничките групи. Емпатијата подоцна е основа за развој на емоционална интелигенција. Задачата на родителот е да го научи своето дете дека чувствата на другите се важни и треба да се почитуваат. Оттука всушност и потекнува насловот на едицијата „Децата го менуваат светот“ - само преку интеракција и соживот, надминати предрасуди и стереотипи, ќе придонесеме до менување на ставовите и градење на едно инклузивно демократско општество.

Сликовниците се наменети за деца на возраст од 5 до 8 години и претставуваат конструктивна и креативна алатка со која можеме да ги воведеме децата во структурата и главната идеја на приказната, како и во деталите на истата, благодарение на едноставното дејствие. Сликовниците можат да поттикнат голем број интересни активности за дискусија и разговор меѓу родителите и децата, децата и едукаторите.
Промоцијата и работилницата се во согласност со почитувањето на протоколите кои произлегуваат од Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот - ПРОТОКОЛ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА РАБОТНИ СОСТАНОЦИ, ОБУКИ, КУРСЕВИ И СЕМИНАРИ,.

На следниот линк следат повеќе фотографии: Facebook.com

 

   

ТРЕТО ДОБА - НОВИ БИБЛИОТЕЧНИ ПРОГРАМИ

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Според пописот од 2001 година во повеќето европски земји, бројот на населението постаро од 65 години од вкупното население достигна ниво од 15,7 проценти. Трендот на забрзано стареење на населението доведе до зголемен интерес за позицијата на оваа популација во општеството и се дел од програмите на современо фокусирани библиотеки кои спроведуваат насочени програми за оваа популација.
Како дел од специјализираните програми НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, следејќи ги препораките на ИФЛА (International Federation of Library Association) и Агенда 2030 за влијанието на библиотеките во сфера на општествено делување и менување на заедницата ги воведуваме активностите кои се дел од Проектот Трето доба – информациски програми наменете за 65+, кој е поддржан од Министерство за култура на РепубликаСеверна Македонија.

Читај повеќе: ТРЕТО ДОБА - НОВИ БИБЛИОТЕЧНИ ПРОГРАМИ

   

Страница 9 од 259

Сподели на Facebook