English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

Работилница за млади „ Патување„"Voyageons en lisant“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Градејќи го концептот на место кое на своите граѓани им нуди сигурно, креативно и едукативно место за нивните деца, Библиотеката во соработка со Француската алијанса организира работилници за правење на е-книга.
Младата генерација размислува и делува многу брзо, технолошки напредно и заради тоа е потребно осмислување на програми кои ќе ги задоволат нивните когнитивни и перцептивни способности.
Ја пуштаме пораката за важноста на читање и правилно изразување, за творење и право на пристап кон информациите.
Деца од повеќе училишта ќе имаат можноста со едукаторите да прават заедничка електронска книга со која ќе патуваат и сонуваат следејќи го патот на книгата од Шпанија каде инспирирани од стар каталонски  обичај на подарување  книга и цвет, преку Англија, Франција и др. земји инспирирани од Шекспир, Серватес и Борхес ќе патуваме до Аргентина. Децата ќе ја внесат и својата лична приказна во изготвување на книгата, како и спремноста да работат заедно и да го  развиваат духот на соработка и взаемно почитување и толеранција.
На работилницата ќе се придружи и Коста Ќука како претставник на лица со попреченост со пишување на  инспиративни мисли на големи автори.
Проектот  е поддржан од Француски Институт Скопје

 

Светски ден на книгата и авторското право 2019

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Библиотеката во рамките на промовирање на нови и креативни услуги за сите возрасни групи го одбележува Светскиот ден на книгата и авторско право со низа активности.

ПРОГРАМА ЗА СВЕТСКИОТ ДЕН НА КНИГАТА

22.04.2019 година

Книги кои гледаат
ЧИТАЊЕ НА ЉУБОВНА ПОЕЗИЈА ЗА СЛЕПИ ЛИЦА во соработка со Народен театар Битола
23.04 .2019 година
СВЕТСКИОТ ДЕН НА КНИГАТА И АВТОРСКИ ПРАВА
Работилница за млади „ Патување„
"Voyageons en lisant“
Испирирана од книгите на писателот Никола Бувие.
Градејќи го концептот на место кое на своите граѓани им нуди сигурно, креативно и едукативно место за нивните деца Библиотеката во соработка со Француската алијанса организира работилници за правење на е-книга.
Младата генерација размислува и делува многу брзо, технолошки напредно и заради тоа е потребно осмислување на програми кои ќе ги задоволат нивните когнитивни и перцептивни способности.
Ја пуштаме пораката за важноста на читање и правилно изразување, за творење и право на пристап кон информациите.

 

Читај повеќе: Светски ден на книгата и авторското право 2019

   

„Градиме мостови кон иднината“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Националната установа универзитетска библиотека „Св.КлиментОхридски“ –Битола и ромските невладини организации „Сумнал“ – здружение за развој на Ромската заедница и „Баирска Светлина“ заедничко го одбележаа 8-ми април – Меѓународниот ден на Ромите под мотото „Градиме мостови кон иднината“.
Се садеа садници и цвеќиња во дворот на ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола во чест на Нешат Аземовски, се одржа работилницата „Учиме за Ромската култура и традиција“ во соработка со ЈОУДГ „Естраја Овадија Мара„ од градинката Снегулка  и им се поделија ваучери на децата за бесплатно членство во библиотеката, исто така беше прикажан и документарниот филм „Запознај ја Вашата сосетка ромка“, импелементиран од РКМЦ – Бариканипе. На следниот линк следат повеќе фотографии  https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157339310773679

   

Страница 9 од 224

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер