Посета на ОУ „Елпида Караманди“ Битола, 09.10.2020
Последно освежено на Вторник, 13 Октомври 2020 12:31 Објавено од м-р Гордана Ѓорѓиевска - Неделковски Вторник, 13 Октомври 2020 11:24
На ден 9.10.2020 година, по повод престојниот празник 11 Октомври ги посетивме учениците од второ одделение од ОУ „Елпида Караманди“- Битола. При посетата беа запазени сите протоколи, при што на влезот ни беше измерена температура. Во училниците на растојание пред таблата ни беше поставено место за седење се со цел да се избегне било каков контакт со учениците и со учителката. Целта на нашата посетата беше да им ја доближи нашата работата и настаните кои се одржуваат во нашата библиотека по повод празникот 11 Октомври. Една од нашите библиотекари на учениците им прочита и една сликовница со наслов „Девојчето и дванаесетте месеци“, со што учениците кои сега почнуваат да се описменуваат, слушнат како треба правилно да се чита.
За оваа посета сакаме да им изразиме огромна благодарност на директорката на ОУ „Елпида Караманди“- Битола Татјана Дамчевска и наставничките во второ одделение Жанета Здравковска, Марина Докулевска и Елена Трајковска кои не примија во своите училници и изразија желба за соработка.