English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

Промовирана книгата „Ќерката на дрвосечачот“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Книгата „Ќерката на дрвосечачот“ од авторката Наде Стојилковиќ, беше промоворана во салата за промомции во НУ УБ “Св. Климент Охридски“, а на неа присуствува голем број на љубители на пишаниот збор.Книгата ја промовираше Фатма Бајрам Аземовска, а на авторката и ја честита нова книга и и посака понатамошни успеси директорот на Библиотеката, Бојан Стефановски.
-Ретки се тие книги што уште од самиот пролог ти продираат до срце, те зграпчуваат како челична канџа од емоции и просто не ти дозволуваат да ја оставиш книгата. Премногу се ретки, да, но овде имаме една токму таква книга, рече Аземовска на промоцијата.

Читај повеќе: Промовирана книгата „Ќерката на дрвосечачот“

 

Поинаков крај

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во рамките на Месецот на книгата, учениците од 5-3 одделение, при ОУ,,Коле Канински,,- Битола со наставничката Лидија Павловска, организираа интерактивна работилница. Работилницата се одржа на ден 05.11.2019 година. За таа цел претставници од Библиотеката присуствуваа на работилницата, во која дадоа допринос во развивањето на љубовта кај учениците кон пишуваниот збор. Во текот на работилницата на учениците им се даде можност на две бајки да го променат крајот. Прочитајте го крајот на бајките „Девојчето со ќибритчињата и „Мице и волшебното самарче“. На следниот линк следат повеќе фотографии од работилницата https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157898080328679&__xts__%5B0%5D=68.ARB0_HClwd_wrI1AeNtPt0z8gw3rLNivXZnDkgDS3_C7pLlGXAFagLknKgsVMH2hNWfgHoUyZMt5rZ16Tme377U5H6sSR_uVDWaglWUPrcF7ze6uyrPZmaNWcv3TzHCuv8nQaPz0dAJToqR7GX2Yfc1g8hu8P69eg-9OomvbDa8XaT7DkmBHlhtXnQbZo9SO97F2mKyUFTaByreIK6FBC93COMu93boJ-64vM2zxxq1PvWlsMBJ9XHv4-92Bsx7W23A7AF6N5Qfo7gfY2PXUxcshb5maOqZnGgPU4lhw4mWZ5yPTFAfcGuVEmFczEPYA5HYyYWEwHCcjp4Sd1XcXaJSSm2HWh5W-yk2Op66Wus_Vt3IB7xT-eoKXde2PivXP15EqFw5o77wqNnf8CaiUIfu2OrcfCp0kuKzSSy8M3ua2Phs0aHMlURUUng71QnaEOKCrSNI&__tn__=-UC-R

   

Учество на конференција на библиотечна унија во Варшава, 2019

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Претставници од НУБ „Св. Климент Охридски“ Скопје, (Јана Михајловска Иванов), ЈУ Градска библиотека “Браќа Миладиновци Скопје(Сузана Данаилова и Биљана Кочишка) и НУУБ „Св. Климент Охридски“ од Битола (Јелена Петровска) заедно со претставници од Кина, Словенија, Хрватска, Полска и Словачка од 21-25 октомври зедоа учество  во Конференцијата на библиотечната унија која што е дел од програмите на Форумот на библиотечна Унија на Кина и земјите од ЦИЕ, 17+1. Програмата беше организирана од Националната библиотека на Полска  која е активност предвидена со Декларацијата за меѓусебна соработка, потпишана од сите членки на Унијата.

Во програмата покрај темите од областа на дигитализација, реставрација и заштита на библиотечниот материјал, авторски права, е-публикации се реализира и програма за запознавање на процесите на работа во одделите за конзервација и дигитализација.

Придружувани од исклучителни библиотечни експерти од наведените области учесниците имаа прилика да разговараат за можностите за понатамошна соработка и размена на искуства. Особен интерес предизвикаа посети на повеќе различни типови на библиотеки и запознавање со најновите трендови во библиотечното работење. Во програмата беа вклучени јавни и универзитетски библиотеки, со стари збирки, како и најсовремена Мултимедијална библиотека за деца и млади, отворена во 2014 година која што е повеќе пати наградувана за своите иновативни програми од роботика, најсовремен дигитален едукативен и дидактички материјал за деца (Лего програмирање, Лего креирање на приказни,KNEX конструкции за градење и графички дизајн) па се до многу богата програма за теен генерација и повозрасни.

Учесниците имаа прилика и за разменување на искуства и меѓусебни контакти како можност за реализирање заеднички проекти.

   

Страница 5 од 239

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер