English French German Macedonian

Настани

Доделување на наградите по повод конкурсот за краток расказ

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

„Ако љубов немам, ништо не сум. Љубов си ти“

На ден 07.03.2020 во НУУБ „ Св. Климент Охридски“ - Битола, се одржа доделувањето на наградите по повод конкурсот за краток расказ. Беа доделени симболични награди и благодарници за учесниците на конкурсот. Тричлената комисија во состав Илче Стојановски претседател на комисијата и претставник од НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола, Маргарита Кочанковска дипл.проф. по Македонски јазик и книжевост и Светлана Папачек - Организација на жени на општина Битола, донесоа едногласна одлука и ги доделија наградите на :

- Категорија возрасни: 1. Сејфула Елези - Скопје 2. Јагода Василевска - Битола 3. Белинда Сипкоска Гаштарова - Битола

- Категорија ученици: 1. Нектарија Илиевска - Битола 2. Михаела Стефановска - Битола

Благодарност до сите учесници и честитки до наградените. На следниот линк следат: ПОВЕЌЕ ФОТОГРАФИИ

 

Практични методи и алатки за дислексија и дискалкулија

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

   

Кампања „Читај да го промениш светот“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Кампања „Читај да го промениш светот“
Читајте 15минути на глас. Секое дете. Секој родител. Секој ден.
Соединуваме родители позади едноставна и моќна порака
Членовите на младинскиот Интеракт Клуб Битола Широк Сокак“ и Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола покренуваат кампања за важноста на читањето во раната возраст како дел од светскиот план „Визија 2030“ со мото „Читај да го промениш светот“, во рамките на спроведување на ЕУ програма Целите за одржлив развој на УНЕСКО Агенда 2030.
Читајте 15 минути на глас. Секое дете. Секој родител. Секој ден.
Зошто?
Бидејќи читањето на глас секој ден е најбитно нешто што можe да се направи за стекнување на знаења и вештини потребни за полесно снаоѓање во едукативниот процес на детето.
Читањето од раната возраст помага да се развијат говорни вештини, да се збогати речникот на детето, да се запознае со светот на имагинацијата и уметноста, ги збогатува неговите вештини за слушање, помага во развој на перцепција, набљудување, внимание, размислување и логично расудување, а сето тоа ќе обезбеди трајно останување на врските во мозокот потребни за процесот на учење.

Читај повеќе: Кампања „Читај да го промениш светот“

   

Страница 6 од 251

Сподели на Facebook