Настани

Обележувачи за книги и картички со поезија од Блаже Конески

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

По повод 100 годишнината од раѓањето на писателот Блаже Конески, НУУБ„ Св.Климент Охридски“ - Битола ќе реализира низа активности.
Овој месец нашата библиотека ја реализира првата работилница со учениците од II и IV година - графичка струка од СОУ„Таки Даскало“-Битола, во која учениците скоро цел месец работеа на изработка на обележувачи за книги и картички со поезија од писателот Блаже Коневски.
Секоја изработка е уникатна, а секоја творба внимателно избрана од учениците да одговара со изработката. Овие ученици уште еднаш покажаа голема заинтересираност и со огромна љубов и внимание ги изработија обележувачите и картичките, заедно со своите ментори Весна-Мундишевска Велјановски и Катерина Спасовска-Маурдева.
Подготвил: м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски

 

Партнерски состанок во Атина, Грција

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Од 21 до 23 ноември 2021 година во Атина, Грција се одржа партнерски состанок во рамки на проектот „ГОРДОСТ 1 – Зачувување на ромскиот јазик преку употреба на онлине речник?“
На состанокот беа претставници од Грција, Унгарија, Германија,  Романија, Србија и нашата библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола.

На средбата беа презентирани резултатите од спроведените прашалници за потреба од подготовка на онлајн речник на Ромскиот јазик, како алатка за чување и примена на јазикот.

По развиената дискусија и презентирање на одговорите од истражувањето во врска со прашањето за потребата на речникот и неговата примена, се поттикнаа различни мислења кои резултираа со потреба од подготовка на сликовен, визуелен речник за најмладите, како и за зборови кои најмногу се користат во секојдневниот живот.

Од дискусијата произлегоа и низа иницијативи за следните активности и за наредни проекти.
Координатор на проектот е НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола.
Проектот е во рамки на програмата клучна акција 204 – Стратешки партнерства за образование на возрасни, клучна акција 204 – Стратегиски партнерства за образование на возрасни, финансирана од Европската комисија преку Еразмус + програмата.

Повеќе фотографии од состанокот ќе најдете на следниот линк: NUUB Facebook

   

16. Роднокрајна средба на битолските писатели

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На 27.10.2021 г. во просториите на НУУБ „Св.Климент Охридски“ Битола се одржа традиционалната  16.(Шеснаесетта) Роднокрајна средба на битолските писатели во Македонија.

Темата на Тркалезната маса беше: “Пишувањето – комуникација со моето небо и другите”.

Беа пристигнати 12 текстови од учесниците од Битола, и Скопје меѓу кои Академик Владимир Костов, проф.д-р Христо Петрески, Добре Тодоровски, Академик Зоран Пејковски, Петре Димовски, Ѓорѓи Прчков, Љубе Митрејчевски, Сања Мучкајева-Видановска, Весна Мундишевска-Вељановска, Илче Стојановски, Јован Ѓуровски, Биљана Т.Димко и активно присутен поетот Никола Илијовски.
Текстовите од Средбата се публикувани во 16-тиот Зборник на излагања.

Повеќе фотографии од оваа средба на следниот линк: NUUB Facebook

   

Страница 1 од 303

Сподели на Facebook