English French German Macedonian

Нови наслови

Девојката што пишуваше на свила

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На островот Оркас штотуку дипломираната Инара Ериксон го истражува имотот на својата неодамна почината тетка, која ѝ го оставила во наследство. Случајно наоѓа внимателно скриено, извезено парче свила. Додека ги разоткрива слој по слој тајните што тоа ги крие, животот почнува да ѝ се испреплетува со животот на Меј Лиен, младата Кинезинка што пред повеќе од еден век била протерана од својот дом. Низ приказните што Меј Лиен ги раскажува везејќи ја свилата, Инара ја дознава трагичната вистина што длабоко ќе го потресе нејзиното семејство, а неа ќе ја натера да се осмели на незамислив чекор...

Инспириран од вистински настани, брилијантниот историски роман на Кели Естиз е потресна приказна за две жени поврзани со времето и судбината. Жени со силен дух и достоинство, цврсто решени да постапат правилно, независно од цената што треба да ја платат. Зашто додека не се каже вистината за минатото, не може да се најде спокој во сегашноста.

„Девојката што пишуваше на свила е преубав, елегичен роман, извезен фино и деликатно, токму како што навестува и самиот наслов. Кели Естиз ткае волшебна приказна што го осветлува минатото во сета негова суровост и убавина, како и човечноста што нè спојува сите нас.“ Сиетл викли

 

Станица единаесет

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Романот „Станица единаесет“ е исклучително моќен и потресен спој на семејна драма и апокалиптична научна фантастика. Напишан со спокоен, интимен тон, романот прикажува сценарио за крајот на светот кое можеби е во доменот на фантастичното, но секако не е невозможно.

По појавата на грузиски грип, над 99 проценти од светското население умира. Преживеаните ќе се соочат со еден сосем поинаков свет, на кој одново ќе мора да се адаптираат за да преживеат. Среде хаосот на апокалипсата, една група уметници решаваат дека не е доволно само да се преживее, па ја формираат „Патувачката симфонија“ – трупа на актери и музичари кои патуваат низ опустошениот нов свет и изведуваат класични концерти и драми...

Преплетувајќи повеќе ликови и приказни во своевиден метафизички трилер, Станица единаесет изгледа како сложена и грандиозна симфонија, во која читателот ќе биде оставен без здив.

„Вознемирувачки роман за сериозни теми, кој истовремено е преполн со нежност и лиричност. Елегантноста на стилот на Емили Мандел е доведена до перфекција, а нејзините описи се толку живи и силни што ќе ве следат уште долго откако ќе го прочитате романот.“ New York Times

„Тешко е да се замисли роман кој би бил посоодветен за денешната политичка, еколошка и општествена ситуација. Дистописка научна фантастика во своето најдобро издание.“ The New Yorker

„Изненадувачка и прекрасна приказна за топлината и сложеноста на меѓучовечките односи среде свет кој неповратно се распаѓа.“ The Washington Post

   

Олива Кетриџ

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

„Олива Кетриџ“ е дело на американската авторка Елизабет Страут, напишано во форма на 13 кратки раскази, меѓусебно поврзани, но испрекинати во поглед на нарацијата.

Олива Кетриџ е пензионирана учителка во мал крајбрежен град во Мејн, која, како што старее, се бори со промените во својот живот. Таа е жена што навлегува во суштината на оние околу неа, на нивните победи и порази. Еднаш груба, другпат трпелива, понекогаш шрониклива, понекогаш не може да се помири со вистината, Олива ги презира промените во нејзиниот мал град и во светот воопшто, но некогаш не ги препознава промените кај оние со кои е опкружена: пијанистката прогонувана од дамнешната љубов; поранешниот ученик што ја изгубил волјата за живот; возрасниот син измачуван од нејзината неразумна раздразливост; и сопругот Хенри, за кого преданоста на бракот е и благослов и клетва.

 

Жега и прав

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Жега и прав е приказна за две жени што ја посетуваат Индија и влијанието што го има земјата врз нив. Едната е убавата и разгалена Оливија, што се досадува во еден мал, задушлив град каде што нејзиниот сопруг работи во државна администрација. Мечтаејќи по страсти и независност, Оливија ја вџашува англиската заедница во Индија, напуштајќи си го сопругот за индиски принц, создавајќи скандал што тлее во колективното сеќавање долго по нејзината смрт. Другата е нејзината правнука што педесет години подоцна се враќа во жегата, правта и валканиот пазар во Сатируп за да ја реши загатката за скандалот на Оливија...

   

Спасителот

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во летувалиштето на Војската на спасот силувана е една четиринаесет- годишничка. По дванаесет години, на предбожикниот концерт на оваа организација, некој од толпата убива еден од нејзините војници. Фоторепортерите го сликаат можниот убиец, но стручњакот за препознавање лица Беата Лен ја збунува тоа што ликот му е различен на секоја слика... Инспекторот Хуле тргнува во лов на човекот без лице што го води во поранешна Југославија, и назад во подземјето на норвешката престолнина, во еден свет што бара вечно – или барем мигновено – спасение. А платеникот сè уште не ја завршил својата задача...

Спасителот е мајсторски испреплетена мистерија што ќе ви ги надмине очекувањата. Покрај ексцентричниот детектив Хари Хуле, тука е и таинствениот убиец израснат од пеколот на војната. Овој беспрекорно уверлив трилер ни покажува дека жедта за одмазда може да ја замрачи дури и најсветлата душа.

„Несбе постепено изби на врвот на скандинавскиот криминалистички роман, и тоа во мошне сериозна конкуренција. Во Спасителот тој се надмина себеси, а неговиот јунак, детективот Хуле, стана омилениот лик од овие простори... Неверојатни пресврти и напната атмосфера.“ Тајмс

 

Диши длабоко

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Пријателе мој,

Во оваа книга ќе најдеш стихови кои навистина успеале да опстанат во ова време во кое инвазијата од кичот и шундот достигна кулминација.

Ќе најдеш „хитови“ кои публиката и денес ги пее наизуст на моите концерти, но ќе најдеш и за тебе наполно непознати текстови кои се нашле тука само затоа што ми се мене посебно драги.

На крајот ќе најдеш и некои стихови кои јас нескромно ги сместувам во графата – „поезија“. Е па, пријателе мој, читај... и диши длабоко.

   

Страница 2 од 18

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер