English French German Macedonian

Нови наслови

Спасителот

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во летувалиштето на Војската на спасот силувана е една четиринаесет- годишничка. По дванаесет години, на предбожикниот концерт на оваа организација, некој од толпата убива еден од нејзините војници. Фоторепортерите го сликаат можниот убиец, но стручњакот за препознавање лица Беата Лен ја збунува тоа што ликот му е различен на секоја слика... Инспекторот Хуле тргнува во лов на човекот без лице што го води во поранешна Југославија, и назад во подземјето на норвешката престолнина, во еден свет што бара вечно – или барем мигновено – спасение. А платеникот сè уште не ја завршил својата задача...

Спасителот е мајсторски испреплетена мистерија што ќе ви ги надмине очекувањата. Покрај ексцентричниот детектив Хари Хуле, тука е и таинствениот убиец израснат од пеколот на војната. Овој беспрекорно уверлив трилер ни покажува дека жедта за одмазда може да ја замрачи дури и најсветлата душа.

„Несбе постепено изби на врвот на скандинавскиот криминалистички роман, и тоа во мошне сериозна конкуренција. Во Спасителот тој се надмина себеси, а неговиот јунак, детективот Хуле, стана омилениот лик од овие простори... Неверојатни пресврти и напната атмосфера.“ Тајмс

 

Диши длабоко

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Пријателе мој,

Во оваа книга ќе најдеш стихови кои навистина успеале да опстанат во ова време во кое инвазијата од кичот и шундот достигна кулминација.

Ќе најдеш „хитови“ кои публиката и денес ги пее наизуст на моите концерти, но ќе најдеш и за тебе наполно непознати текстови кои се нашле тука само затоа што ми се мене посебно драги.

На крајот ќе најдеш и некои стихови кои јас нескромно ги сместувам во графата – „поезија“. Е па, пријателе мој, читај... и диши длабоко.

   

Хипи

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Црпејќи од своето богато животно искуство, во овој роман Пауло Коелјо пишува за сонот за преобразба и пацифизам на хипи генерацијата од почетокот на седумдесеттите години на минатиот век.

Пауло е млад човек со долга коса што сака да стане писател. Бегајќи од воената диктатура во Бразил, тргнува на пат по светот во потрага по слобода и спиритуалност. Во Амстердам ја запознава Карла, млада Холанѓанка што го чека токму него за да тргне за Непал, најновата хит-дестинација на хипи племето, возејќи се со фамозниот Волшебен автобус.

Ова патување низ Европа ќе биде наедно и почеток на една исклучителна љубовна приказна и потрага по внатрешните вистини што ќе ги однесат нив двајцата, а и нивните сопатници, до прифаќање на еден сосем нов светоглед.

 

Црвениот Бразил

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Црвениот Бразил е роман во кој се раскажува еден невообичаен и непознат дел од ренесансата: првото освојување на Бразил од страна на французите, под водство на витезот од малтешкиот ред, Никола Диран де Вилгањон. Во 1555 година, Хенри II добива задача да спроведе профитабилна грговска експедиција за да формира колонија наречена француски антарктик, што ќе биде сместена во тропските предели. Овој роман се заснова врз вистински факти добиени од различни извори, особено од мемоарите на еден од протестантите во рамките на експедицијата на де Вилгањон.

   

Оклопно срце

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Две жени се пронајдени мртви во Осло, удавени во сопствената крв. Полицијата е збунета од убодните рани што ги имаат во устата, зашто се нанесени однатре...

Одделението за крвни деликти ја праќа Каја Сулнес во Хонгконг, за да го пронајде единствениот норвешки експерт за сериски убијци. Легендарниот полицаец склон кон алкохол се крие во милионскиот град од сеништата од поранешните истраги, сеќавањето на љубената жена и од собирачите на долгови. Но бројот на жртви расте и Хари Хуле неволно се вклучува во истрагата по мистериозното оружје на новиот сериски убиец, која ќе го однесе во срцето на темнината – Белгиско Конго. А патиштата на сите жртви се вкрстуваат во еден планински дом во Норвешка, каде што многу лесно може да се остане заробен во снежните лавини...

 

 

Даблинци

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Даблинци е насловот што и го дал Џојс на својата збирка од 15 раскази напишани во период од три години (1904-1907). Иако последниот расказ „Мртвите“, го завршил пролетта 1907 година, тешкотиите да се најде издавач, како и првичните одбивања на Џојс да ги измени оние пасуси што се сметале за спорни го одложиле нејзиното издацање сè до 1914 година. Уште во нивниот зачеток, Џојс имал намера расказите да бидат дел од една тематски обединета и хронолошки подредена низа. Сите тие се остра анализа на животот во Ирска, на средната и на долната ниска класа, при што Даблин не е само нивна географска локација туку и емоционални и психолошко средиште.

   

Страница 6 од 22

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер