English French German Macedonian

Нови наслови

Денот кога исчезнавме

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Ени има тајна... Но нема да ви ја каже. Тоа е болна тајна што никој не посакува да ја има, но Ени не е загрижена. Особено не сега, кога се појави некој што е решен да ѝ помогне.

Кејт побегна од дома. Но не сака да ни каже зошто – тоа би ја уништило целта на бегството, зарем не? Но не е толку лесно да се почне од почеток, особено бидејќи една личност ѝ е секогаш во умот.

Ако погледнете под површината, никој не е оној што се претставува. Дури ни Ени и Кејт, старите пријателки, повеќе не се сигурни во тоа кои се навистина. Но колку долго овие пријателки ќе можат да бегаат од своите тајни од минатото, пред да им ја уништат иднината?

„Каква книга! Фантастични ликови, мрачни тајни и паметен, шокирачки заплет кој комплетно ќе ве изненади. Прочитајте ја!“ – Луси Дајмонд, топ 10 најпродавани автори на „Сандеј тајмс“.

„Луси Робинсон успеа да изведе многу ретка работа, да напише роман којшто е тажен исто толку колку што е смешен, а истовремено и психички воодушевувачки. Не можев ја оставам книгата!“ – Кети Реган, автор на бестселерот „Како се запознавме

 

Во шумата

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Прехрамбената невронаука денес има повеќе докази за дејството на храната на мозокот и на здравствената состојба. Биолошки и ментално не се разликуваме од нашите предци од палеолитот. А тие пак не страдале од т.н. болести на современиот период, предизвикани од севкупните фрустрации поради чувството на губење на контролата и зачувувањето на сопственоста, но очигледно е дека не јаделе житарици и млеко, бидејќи најчесто не секогаш имале пристап до растителни намирници богати со јаглехидрати. Но, поради тоа што ловците кои собирале храна можеа да поминат неколку денови и да имаат сила и понатаму нормално да функционираат. Нивната перцепција не беше променета од маркетингот и медиумите и ништо не можеше да ги отуѓи од природата.

Во својата книга „Во шумата“, Денис Делогу го опишува својот пат за исцелување од мултиплекс склероза токму со помош на палеопрехранувањето и со помош на функционалната медицина, која се занимава со причините, а не со симптомите: Во секој случај, палеопрехранувањето беше камен темелник врз кој го воспостави своето закрепнување.

   

Сестра на месечината

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

„Сестра на месечината“ е петта епска приказна од серијалот „Седумте сестри“.

Тајгета, или нагалено Тиги, е најмистичната а воедно и најдуховна од сестрите Д' Аплиез. По смртта на Тате Солт, Тиги тргнува по трагите на своето потекло и стигнува во далечните и диви планини на Шкотска. Таму се занимава со она што е нејзина професија и нејзина склоност, а тоа е да се грижи за ретки видови животни. Но, во Шкотска го запознава и Чарли Кинард - шармантен кардиохирург, оженет и на прв поглед повеќе од недостижен.

На имотот Кинард, Тиги наидува на Чили, стар, мистичен потомок на хитаноси од Гранада, Шпанија. Уште при првата средба, двајцата ќе почувствуваат меѓусебна приврзаност. Бујната шпанска крв врие во Тиги и таа дознава дека нејзиниот темперамент доаѓа од нејзината врска со легендарната циганска заедница во Сакромонте, а најмногу од нејзината нескршлива баба, големата танчарка на фламенко, Ла Кандела.

Од шкотските планини и Шпанија до Јужна Америка и Њујорк, Тиги го следи патот што ја доведува до нејзиното сложено, но егзотично минато.

Книгава открива и многу од длабоката тајна на Тате Солт, но која е седмата сестра и ккава е улогата на тајното сопче што Тиги го открива во Атлантида - заедничката куќа на сестрите, Лусинда Рајли не открива.

 

Преплетување

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Една ноќ, на четириесетго-дишнината од матурата, група пријатели чии животи се преплетуваат од средношколските денови, ќе си откријат сѐ за себе. Сите тајни ќе бидат изговорени, сите неуспеси откриени.

Утрото ќе го дочекаат заедно како и многу утра дотогаш, но овој пат ќе бидат целосно сигурни дека животот е пред нив и без оглед на годините, нова среќа доправа им претстои. Ќе откријат на што треба да се надеваат и што доправа ги чека, како и дека надежта и трпението имаат вкус на предизвик.

Тајните задушуваат исто ккао и тагата по младоста. Но, кога ќе ја прегрнеме зрелоста ќе сфатиме дека во таа прегратка се крие спокојот чиј сјај го осветлува времето пред нас. Оваа книга зрачи со храброст и се чита во еден здив. Таа докажува дека чекорот со животот не е загубен само ако не се предадеме. За оние кои ќе го осознаат тоа, иднината е отворена книга преполна со изненадувања.

Кој од нас може со сигурност да реќе дека е среќен? Онака целосно?

И кој од нас има храброст да ја признае болката што неизбежно ја носи во себе? Никој. Ние луѓето сме единствените животни кои лажат.

Едно нешто сум научила, а тоа е д го прифатам животот во онаа форма во која ме снашол и да уживам во него во секој миг.

Сфатив дека само вистината и храброста треба да бидат водилки во животот.

Не лажете се себеси, не залажувајте се. Еден е животот.

 

   

Мраз студено

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Бостонската истражителка Мора Ајлс заминува во Вајоминг на медицинска конференција, каде среќава група пријатели и решава со нив да тргне на скијачки излет. Меѓутоа, комбето ќе им се заглави на завеан планински пат, а нема да има никаква помош.

Наближува ноќта а виулицата станува посилна, па друштвото наоѓа засолниште во зафрленото село Небесното Кралство, со дванаесет сенишно идентични куќи, мрачни и напуштени. Во Небесното Кралство се случило нешто страшно: недовршено јадење стои во чиниите а автомобилите стојат паркирани во гаражите. Жителите на селото како в земи да пропаднале, но трагите во снегот покажуваат дека некој и понатаму демне во студената темнина - некој кој ги набљудува Мора и нејзините пријатели.

Неколку дена подоцна, на детективката од одделението за убиства на Бостонската полиција, Џејн Риколи, и стигнува вест дека е најдено јагленосано тело во планинската клисура, телото на Мора. Шокирана и ужалена Џејн е решена да открие што точно се случило со нејзината пријателка. Истрагата ја води во заплетканото минатото на Небесното Кралство, каде што под снегот, ја чека страшна тајна. Додека се нижат морничави откритија, Џејн се приближува до моќниот и немилосрден противник, а се приближува и до морничавата вистина за судбината на Мора.

 

Месечината над Фиренца

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

„Месечината над Фиренца“ ве води од снежниот Бостон, преку прашумите на Тринидад, се до позлатените балкони на Фиренца. Овој исклучителен роман е приказна за страсните љубовни романси, опасните одлуки и непомирливата желба на една жена која е приморана да избере помеѓу детето кое отсекогаш го посакува и оперската кариера без која не може да живее.

Доктор Равел е угледен млад лекар кој стекнал завидна репутација помагајќи им на паровите да добијат дете. За помош му се обратило и најугледното лекарско семејство од Бостон.

Ерика фон Кеслар е убава и амбициозна оперска пејачка која со години се обидува да добие дете. По препорака на својот брат, ја посетува ординацијата на доктор Равел, а тој, од средба на средба кон неа чувствува поголема и поголема наклонетост. Но, ниту неговите признаени методи не успеваат да и ги дадат посакуваните резултати, а Ерика тоне во длабоко очајување.

Равел, воден од поривот својата млада пациентка да ја извади од безнадежната ситуација, носи одлука дури на коцка да ја стави својата лекарска кариера, а да и ја оптовари сопствената душа со тајна, која со никого не смее да ја сподели. А, тоа ќе потикне драматичен пресврт кој ќе им ги смени судбините и соништатта на сите ...

   

Страница 4 од 31

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер