English French German Macedonian

Нови наслови

Станарката на замокот Вајлдфел

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Станарката на замокот Вајлдфел е вториот и последен роман на Ен Бронте, првично објавен под нејзиниот псевдоним Екшн Бел. За многумина ова е најшокантниот од сите романи напишани од сестрите Бронте, па не е ни чудо што доживеал инстантен и феноменален успех уште при првото објавување. Во Вајлдфел Хол пристигнува мистериозна млада вдовица и се вселува во замок што долги години бил празен. Со неа доаѓаат нејзиното синче и слугинката. Жената, која на сите им се претставува како Хелен Греам, наскоро станува жртва на клевети од локалното население. Младиот фармер Гилберт Маркам, кој одбива да поверува дека постои нешто скандалозно во нејзиното минато, набрзо ги дознава нејзините најмрачни тајни. Во нејзиниот дневник Хелен пишува за психичкото и морално пропаѓање на нејзиниот сопруг преку алкохолот, и за светот на разврат и свирепост од којшто избегала.

 

Темјанушки во март

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во дваесеттите години, Емили Вилсон е на врвот на светот: таа е авторка на Њујорк Тајмс бестселер, има сопруг што изгледа како изваден од некоја насловна страница и сигурна е дека ја очекува само среќа до крајот на животот.

Десет години подоцна, кругот се врти и нејзината среќа пука како меурче од сапуница. Таа нема идеи за нови книги, сопругот ја остава и целосно се распаѓа, но без да пушти солза. Па кога нејзината тетка Би ја кани да го помине месецот март на преубавиот остров Беинбриџ, Емили прифаќа, надевајќи се дека океанот ќе ја исцели. Кога почнува да истражува за нова книга, Емили наоѓа еден црвен кадифен дневник од 1943 година и се сепнува кога сфаќа дека дел од работите во него се поврзани со нејзиниот живот. Воодушевена од љубовната приказна во дневникот, не може да престане да го чита и да мисли на лудо вљубениот пар од неговите страници.

Делумно мистерија, делумно љубовна приказна – Темјанушки во март е книга што се чита во еден здив.

   

Тајната колиба на плажата

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Историска драма за Втора Светска Војна, сага за недозволена љубов, убиство и одамна загубена слика…

Летото во 1942 година, дваесет и едногодишната Ен Келовеј, неодамна свршена, одлучува да ја напушти својата земја за да служи во Армијата на медицинските сестри на Пацифичкиот остров Бора-Бора. Ова за неа претставува нешто сосема ново и возбудливо, сосема спротивно од она на кое е научена и навикната со нејзиниот мирен и предвидлив свршеник, па нејзиното внимание веднаш го привлекува мистериозниот војник по име Вестри. Нивното пријателство на прекрасно опишаниот остров наскоро почнува да цути како што хибискусот цути покрај океанот. Но покрај океанот има и нешто друго… Мала напуштена колиба на одамна починат сликар, непозната за останатите војници, па Ен и Вестри се состануваат под малиот речиси распаднат кров каде делат еден свој приватен свет. Но нивниот мал идеален свет во колибата се распаѓа кога стануваат сведоци на грозоморно убиство во близина на колибата. Брзо по убиството, Вестри одеднаш го преместуваат на друга воена локација и целата убавина исчезнува во ветриштата на војната.

Ен Келовеј, сега старица, ја раскажува оваа приказна обидувајќи се да открие нешто повеќе во врска со љубовта која трае повеќе од седумдесет години…

 

Зима со мирис на капини

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Сиетл, 1933

Самохраната мајка Вера Реј го бакнува своето тригодишно синче, Даниел, и оставајќи го дома сам затоа што нема никаков друг избор, со тешко срце заминува на работа во локален хотел каде што работи како собарка. Кога излегува од работа следното утро, гледа дека градот го покрил голем снег, иако е месец мај. Кога стигнува дома открива дека нејзиниот син исчезнал во текот на ноќта. Надвор, го наоѓа неговото сакано мече фрлено на подмрзнатата улица, а снегот веќе ги има скриено неговите стапки, како и на личноста што го зела.

Сиетл, 2010

Новинарката Клер Олдриџ добива задача да пишува за снежната бура, чуден феномен во мај кој се случил и пред осумдесет години и така дознава за нерешениот случај со киднапирање дете, па си се заколнува дека ќе ја открие вистината. Во процесот дознава дека таа и Вера може да се поврзани на неочекуван начин…

Авторката ја посветува книгата на секоја мајка што има изгубено дете, па самото тоа зборува за емоциите кои се вткаени во приказната.

   

Најслаткото нешто

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Тара има илјада добри причини за да не се врати во Среќно Крајбрежје, Вашингтон. Но кога животот ѝ се руши до темел, веќе го нема тој луксуз да бира, па гледа само да побегне од нејзините неисполнети соништа и нејзиниот секси бивши сопруг. Додека Тара им помага на нејзините две сестри да го разработат наследеното хотелче на плажа, конечно добива шанса да ги стави работите под контрола и да смисли нов план за својот живот.

Но и покрај мирната, пријатна атмосфера во крајбрежното гратче, Тара не може да најде мир, бидејќи бегајќи од сегашноста, тука се судира со минатото што го има оставено зад себе. Односно со еден морнар со зелени очи кој ја потсетува на најголемата грешка во нејзиниот живот. За работата да стане уште покомплицирана, нејзиниот бивши маж сега сфаќа дека не смее да ја остави да му се лизне низ прсти, па доаѓа да се бори за неа.

Тара е принудена конечно да реши што сака и, ако има среќа, можеби ќе го најде сè она што го бара токму тука, во малото Среќно Крајбрежје.

 

Нешто во водата

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Сте се запрашале ли некогаш колку време е потребно за да се ископа гроб?

Ерин го сака Марк и Марк ја сака Ерин. Нивната љубов е една од оние фанатичните, кои горат силно, љубов каде ништо друго не е важно. Тие имаат совршен живот; таа е режисер на документарци, а тој згоден, успешен банкар. Имаат прекрасна куќа во Лондон и ја планираат нивната свадба, како и луксузен меден месец на Бора Бора. Да, тие имаат сè, но Марк одеднаш ја губи работата и во нивниот совршен живот почнуваат да се појавуваат пукнатини.

Но тие се решени да се потрудат да им успее. Одат на свадбеното патување и веруваат дека сè ќе се среди – на крајот на краиштата, се имаат еден со друг. На Бора Бора, Марк инсистира да нуркаат. Ерин страшно се плаши, но тој е со неа – знае дека ќе биде безбедна. Но, неочекувано наоѓаат нешто во водата.

Колку далеку би отишле за да бидете вистински среќни?

Марк ја сака Ерин и Ерин го сака Марк. Но кога приказната почнува, тие двајца се во шума; едниот од нив е мртов, а другиот копа гроб. Што ли се случило? Има само еден начин да дознаете…

 

 

   

Страница 3 од 22

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер