English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

ПРЕДЛОЖИ КНИГА – СЕКОЈ ИМА ПРАВО НА СВОЈА КНИГА!

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Почитувани читатели,
Ви испраќаме голема   благодарност што сите овие години сте дел од нашиот литературен свет. Мали, големи, расположени, добронамерни и нетрпеливи, лути и разбирливи, Вие сте нашите читатели што не мотивирате и поттикнувате -  Вие наши најдраги членови.
Библиотеката веќе неколку години работи на програмите кои се дел од потребите на заедницата. Библиотечните активности ги насочуваме кон  воведување на секојдневието во библиотеката со цел ние да станеме дел од  Вашиот живот.

Читај повеќе: ПРЕДЛОЖИ КНИГА – СЕКОЈ ИМА ПРАВО НА СВОЈА КНИГА!

 

Летно дружење со најмладите

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Денеска ни припадна честа да се дружиме со членовите на едукативниот центар "Едука“ од Битола.

Ви благодариме дечиња и наставнички за посетатa.

На следниот линк следат повеќе фотографии   https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157555144308679

   

Работилница за 3D печатење

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во рамките на проектот „Тин лето во Библиотека“, организиран од НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, а одобрен од Министерство за култура за 2019 година, на 1.07.2019 год. се реализира првата работилница за 3D печатење во соработка со СОТУ „Ѓорги Наумов“ - Битола.
Работилницата за 3D печатење ја водеше м-р Илче Ацевски, професор во СОТУ „Ѓорги Наумов“. Професорот ги запозна учесниците што претставува 3D печатењето, како и каде се користи и изврши презентација на 3D печатар. Потоа децата беа поделени во групи и имаа можност самите да креираат 3D творби со цел да се запознаат со процесот на креирање и да ја видат практична примена на 3D печатењето. Дел од творби што децата сами ги креираа за време на работилницата беа испечатени на 3D печатарот.
Во рамките на истиот проект ќе се реализираат уште две работилници и тоа за „Видео игри“ и „Книга - филм за тинејџери“.
Основна цел на овие работилници со теми блиски на интересите и потребите на тинејџерите е библиотеката да придонесе за продуктивно да се исполни слободното време од летниот распуст, а во исто време тинејџерите да се забавуваат но и да стекнат нови знаења, особено од областите што нив ги интересираат.
Втората работилница за „Видео игри“ Библиотеката ќе ја реализира на 16.07.2019 (вторник) од 18.00 часот во салата за промоции.
Раководител на проектот е м-р Милка Котевска.
Ве покануваме да учествувате!!! Во прилог следат повеќе фотографии https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157557317063679

   

Страница 1 од 225

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер