Настани

Волшебна предновогодишна ноќ во НУУБ „Св.Климент Охридски“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На 24.12. во организација на НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола за вработените и нивните најмали се реализира прекрасна предновогодишна бајка со многу забава, игри и секако поклончиња.

„Тајната на сината самовила“ во прекрасна изведба на Весела Богдановиќ ги воодушеви како најмалите така и возрасните.

Оваа нова година ја испраќаме среќни и насмеани и со желби наредната да ни биди уште поубава, посреќна и поуспешна на сите полиња.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook
 

Честит Божиќ на сите верници од католичка вероисповед

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Од името на директорот м-р Бојан Стефановски и сите вработени во НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола, Ви го честитаме големиот Христијански празник - Божиќ на сите верници кои го слават според Грегоријанскиот календар.

Христовото раѓање е нова надеж за светот, тоа носи светлина и иднина.

Овој голем празник нека ви донесе мир, спокој и радост во Вашите домови.

 

   

Учениците од ПСУ САБА за животот и делото на Иво Андриќ

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На ден 22.12.2021 г. во просториите на НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола се одржа работилница со учениците од Приватното средно училиште „САБА“. Библиотекарите од нашата Библиотека накратко ги запознаа учениците со работата и истражувачката дејност што тие ја направија при подготовката на изложбата посветена на „Иво Андриќ- 60 години Нобелова награда за литература“.
Учениците имаа предизвик исто така да истражуваат за животот и делото на Иво Андриќ под менторство на професорката по македонски јазик Бисера Бијелиќ-Стојчевска. Најдобрите ученици своите есеи ги презентираа пред соучениците, темелно опфаќајќи ги животот, делото и нобеловата награда, исто така читаа прекрасни извадоци од делото „Проклета авлија„ од Иво Андриќ.
Учениците имаа можност да слушнат краток есеј подготвен од нивната професорка, за достигнувањата и карактеристиките на Нобеловецот Иво Андриќ, за кој потоа дискутираа.
Голема благодарност до професорката Бисера Бијелиќ-Стојчевска, ученичките Стефанија Кочоска, Ева Милевска, Теодора Мицеска и Теона Пејчиновска, како и до сите останати присутни ученици.
Подготвија: м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски и Марија Марковска

   

Страница 4 од 314

Сподели на Facebook