Настани

Изложби 15.02.2009 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа ) 15.02.1839 г.  Во Велес е роден Рајко Жинзифов, македонски писател, преродбеник и публицист. Во своите песни го опеа славното и тешко минато на македонскиот народ. Најпознато негово дело е поемата “Крвава кошула”. Умре во Москва на 15.2.1877 година.
 

Изложби 14.02.2009 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа ) 14.02.1468 г. Умре Јоханес Гутенберг, пронаоѓач на техниката за печатење со подвижни букви. Ја усоврши печатарската машина и прв почна да користи излеани метални букви. Во 1455 година ја отпечати “Библијата”. Роден е околу 1400 година.
   

Изложби 14.02.2009 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас ) 14.02.1869 г. Во Рим умре Константин, познат под името Кирил Солунски, еден од творците на првата словенскта азбука. Тој и неговиот постар брат Методиј, двајцата родени во Солун, преведуваа библиски текстови и книги од грчки јазик на дијалектот на солунските Македонци. Творците на првата словенска азбука, Кирил и Методиј, водеа жестока борба против застапниците на тезата дека постојат само три “светски јазици” што можат да се употребуваат при вршење на верските обреди: хебрејскиот, грчкиот и латинскиот. Роден е во 826 (827) година.
   

Страница 284 од 314

Сподели на Facebook