Настани

Нова екипа на нова ноќна авантура во Библиотеката

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Предновогодишната забава во нашата Библиотека продолжува.
Децата се тие кои веруваат и се радуваат на магичноста што го карактеризираат овој период. Затоа во НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, се реализираше уште една волшебна работилница.

Волшепствата од приказните за Дедо Мраз, за самовилите и принцезите  од книгите, многу игра и забава која им ја приреди Весела Богдановиќ, направи овие дечиња да уживаат во магијата и убавината на приказните.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook

 

Читаме извадоци од делата на Нобеловецот Иво Андриќ

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На ден 24.12.2021 во просториите на НУУБ „Св.Климент Охридски“ се реализираше уште една работилница на тема „Иво Андриќ - 60 години Нобелова награда“.

Учениците од IV година од СОУ „Јосип Броз Тито“- Битола,под менторство на професорката по македонски јазик Симона Петровска имаа можност да разговараат за животот и делото на нобеловецот Иво Андриќ и по нивен избор да прочитаат извадоци од неговите познати дела.

Оваа работилница беше посебно интересна бидејќи можеше да се направи споредба помеѓу физичко присуство и онлајн присуство, бидејќи дел од учениците ја следеа оваа работилница онлајн.
Изборот на книга и изборот на мисла од неа,  се секогаш предизвик за сите нас. Затоа сите заедно уживавме и се забавувавме со прекрасните цитати од делата на Иво Андриќ.

Повеќе фотографии од овој настан на следниот линк: NUUB Facebook

 

 

   

Мојата дигитална приказна

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На ден 27.12.2021 година, во просторииите на Библиотеката се доделија благодарници на учениците за учество во проектот “Мојата дигитална приказна“.
Во проектот „Мојата дигитална приказна“ учестуваа учениците од едукативниот центар „Едусфера“- Битола.
Во рамки на проектот се снимени 18 видео приказни, достапни и на знаковен јазик.
Приказните во најскоро време ќе бидат достапни на каналот на you tube на Библиотеката.
Проектот е финансиран од Министерстото за култура на Северна Македонија.
Координатор на проектот е м-р Фатма Бајрам Аземовска, соработници м-р Гордана Ѓорѓиевска Неделковски и Слободан Пачовски.

Повеќе фотографии од овој настан на следниот линк: NUUB Facebook

 

 

   

Страница 3 од 314

Сподели на Facebook