Настани

Изложба по повод 11-ти Октомври- Денот на народното востание

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )
Во холот на НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола поставена е изложба по повод Денот на народното востание 11-ти Октомври.
Годинава се навршуваат 80 години од Денот на народното востание. Борба со која започнува ослободување на македонскиот народ. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ.
Нека ни е честит 11 ти Октомври!!!
 

"Сите во библиотека“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )
НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски “- Битола на сите студенти од прва година им го честита стартот на нивните студии и им посакува успех во студирањето.
Ви нудиме едногодишно бесплатно членство во нашата Библиотека.
Сѐ што треба да направат студентите е да дојдат во нашата Библиотеката со индекс или легитимација како потврда дека се запишани во прва година студии на било кој факултет и да се зачленат во Библиотеката.
Нашата библиотека Ви нуди најсовремени услови за учење, пребарување во базата на податоци COBISS и други бази за научни истражувања, богат избор на стручна литература, бесплатно Wi-Fi, климатизирани читални.
Правото на бесплатно запишување во Библиотеката, студентите може да го искористат најдоцна до 1.11.2021 година.
   

Кафе и книги со наши локални писатели

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )


Една млада писателка, личност на која пишаниот збор не ѝ е само хоби туку и работа. Овој пат на кафе во прекрасна природа НУУБ„Св. Климент Охридски„-Битола ја угости Јована Матевска Атанасова.
Оваа средба со неа имаше повеќе поводи за кои се разговараше. Првата беше добивањето на престижната награда „Живко Чинго“ за најдобар расказ, а втората беше излегувањето во печат на нејзината нова книга.

Повеќе можете да прочитате на следниот линк на facebook

   

Страница 3 од 293

Сподели на Facebook