Настани

Изложба на тема „700 години од смртта на Данте Алигиери“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во холот на НУУБ „Св Климент Охридски“ – Битола, е поставена изложба на тема „700 години од смртта на Данте Алигиери“.
Данте Алигиери (1265 - 1321) е италијански поет, еден од најголемите книжевници во светската литература и автор на бесмртното дело „Боженствена комедија“, која претставува едно од најважните литературни дела на сите времиња, познато во целиот свет.  
Неговото дело напишано на народен италиjански јазик претставува суштински елемент на идентитетот на италиjанскиот народ, поради кое тој се смета за татко на италијанскиот јазик, а неговото дело успева да заземе клучна улога во културниот живот на Европа во наредните векови.
Во изложбата се изложени книги од Данте Алигиери и од други познати италијански автори како: Итало Калвино, Алберто Моравија, Сузана Тамаро, Еко Умберто, Донато Каризи, Александро Барико, Паоло Џордано и др.
Изработил: Маријан Колевски

 

Тефтерчиња со пораки за книгата и читањето

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )
НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола по повод Месецот на книгата-Месец Октомври во соработка со СОУ„ Таки Даскало“-Битола реализира работилница изработка на тефтерчина на чија корица беше испечатена порака за книгата и читањето.
На ден 19.10.2021 година се одржа првата работилница која се одржа во просториите на СОУ „Таки Даскало“-Битола во која учество зедоа учениците од втора година графичка струка, графички техничари под менторство на професорките Весна Мундишевска-Велјановска и Катерина Спасовска-Маурдева.
Тие во првата фаза го спроведоа процесот на класифицирање на ливчињата и кориците на тефтерчињата, за потоа учениците на специјална машина да ги исечат. Преку оваа работилница учениците имаа можност да учат, но и да се забавуваат.
Повеќе информации на следниов линк
   

НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ УЧЕСТВУВАШЕ НА ВТОРИОТ ФОРУМ НА БИБЛИОТЕЧНАТА УНИЈА НА КИНА И ЦИЕ

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Библиотеките во предизвикувачки времиња нудат значајна поврзаност и нови пристапи кон дизајнот на библиотеката!

Вториот форум на библиотечна унија на земјите од Централна и Источна Европа и Кина се одржа во Скопје од 13 - 14 октомври 2021 год. во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“. Форумот го поздравија и подржаа значајни личности од политичкиот живот,  министри за култура на Н.Р.Кина и Р.С. Македонија, амбасадор на Н.Р. Кина во Р.С. Македонија како и претседател на ИФЛА Барбара Лисон.

НУУБ „Св. Климент Охридски“ е членка на „Библиотечна унија на земјите од ЦИЕ од 2018 година кога беше одржан Првиот Форум на унијата во градот Ханџу НР Кина, во Градската библиотека каде се наоѓа и Секретаријатот на Библиотечната унија. Потпишувањето на Декларацијата на унијата за меѓусебна соработка на библиотеките резултираше со извонредни достигања во различни области во кои културната размена одигра важна улога во консолидацијата на на традиционалното пријателство и зајакнување на меѓусебното разбирање на земјите учесници. Во областа на библиотечното работење се разменаа искуства од областа на заштита на културното наследство, техники и начини за конзервација на старите ракописи, авторското право и современи начини за анимација на корисниците а темите на годинашниот  форум  се однесуваа на интеграцијата на библиотеките во пост-пандемиски услови за работа , развој на иновативните сервиси и т.н. „паметни“ библиотеки, развој на библиотечното работење помеѓу традиционалното и дигитално доба, со посебен осврт на технолошки достигања и  трендови во дигитализацијата поврзани со научни сознанија и иновации во заштита на старите ракописи. Форумот се реферираше и на темите од областа на промоција на читањето и  библиотечни терапии како своевиден излез од психолошките ефекти од рестриктивните мерки  во времето на пандемијата. На покана од организаторот м-р Јелена Петровска го водеше Првиот модул на Форумот на тема „Интеграција на библиотеките во пост-пандемиска ера . Што е следно?

Одржани се и две работилници од Р.Србија предавач Мирољуб Стојановиќ на тема „Дигитална библиотека – Омека-Агрегатор“ со детални упатства за користење на бесплатни алатки за дигитализација и Мирко Марковиќ „Облици и методи на дигиталните комуникации – социјални мрежи и БИБЛИОНИЦА“. Работилниците беа инспиративни и високо професионални со што допринесоа за едукација на библиотекарите и отворање на поле за меѓусебна соработка и развој на идни библиотечни проекти.

Заклучок на овој многу значаен собир се однесува на иднината на Библиотечната Унија, на меѓусебната соработка и размена на библиотекари. Се донесе и нов Акционен план за работа за период 2022/23, со мапирање на професионалните потреби, умрежување, размена на дигитални содржини, чување и презентација на културните вредности помеѓу членките.

м-р Јелена Петровска, програмски раководител

   

Страница 2 од 293

Сподели на Facebook