Настани

8 Декември - Патрон празник на НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

По повод 8 Декември - Патрониот празник на Националната установа - Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола на 6.12. 2021 година се одржа промоција на “Роднокрајни автори (мултимедијален ЦД-РОМ) : аудио записи.1“,  списанието “Библиотечен тренд“  и Зборник на излагања од 16-та Роднокрајна средба на битолските писатели во Македонија.

Воведно излагање на овој настан зеде директорот на НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола, м-р Бојан Стефановски кој им се заблагодари на присутните и им го честита патрониот празник на Библиотерката.

Потоа збор зедоа промоторот на аудио записот “Роднокрајни автори (мултимедијален ЦД-РОМ) : аудио записи.1“ госпоѓата Милица Димиријовска - Радевска и Ленче Андоновска, библиотекар советник која е еден од раководителите на проектот.
За „Зборник на излагања од 16-та Роднокрајна средба на битолските писатели во Македонија“ и за Списание “Библиотечен тренд“ (бр.52,2021  г.) се обрати промоторот д-р Николче Вељановски, библиотекар  советник кој образложи што се е опфатено со овие два проекти, а присутните можеа да слушнат и цитати од роднокрајните автори кои ги посочи промоторот.
Модератор: м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски

Повеќе фотографии од овој настан ќе најдете на следниот линк: NUUB Facebook

 

Обука за „Користење на програмската опрема COBISS3/Каталогизација“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во периодот од 29.11.2021 год. во времетраење од 5 дена во НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола се реализираше онлајн обука, за курсот „Користење на програмската опрема COBISS3 /Каталогизација - почетен“.

На обуката учествуваа четворица вработени од НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола и вработени од библиотеката од НУУБ „Гоце Делчев“ - Штип. Предавач на овој онлајн курс беше библиотекар-советник Жаклина Ѓалевска од НУБ „Св.Климент Охридски“ - Скопје.

На оваа обука библиотекарите се стекнаа со знаења за работа/користење на програмската поддршка COBISS3, работа во интерфејсот за каталогизација, правење библиографски записи, работа во пребарувачот, прелистувачот и форматот во COMARC/B и како да се креира еден  монографски запис. За работа на вежбите на учесниците од нашата библиотека им помагаа Малгожата Мачковска и Гордана Пешевска, библиотекари-советници.

Подготви: Марија Марковска

   

Подарок од ликовниот уметник Кети Радевска по повод патрониот празник

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

По повод патрониот празник на Националната установа Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола, ликовниот уметник Кети Радевска ни подари две прекрасни икони со ликот на Климент Охридски.

Над 5000 дела нацртани од нејзините вешти раце. А за нејзиниот талент сведочат и големиот број награди кои ги добила, кои често доаѓаат од разни фестивали и конкурси ширум светот. Кети Радевска е позната карикатуристка од Битола која твори веќе 22 години.

Нејзината љубов кон цртањето, уметноста и карикатурата се надева дека ќе ја пренесе, но и ќе ја препознае во некое од децата од градинката каде што работи.

 

 

 

 

 

 

 

   

Страница 9 од 314

Сподели на Facebook