English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

Предавање на тема „Квантна медицина“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Многу луѓе ја знаат добро познатата дефиниција за здравје предложена од СЗО, која гласи: ,,Здравје е состојба на целосна физичка, психичка и социјална благосостојба, а не само отсуство на болест или на телесни недостатоци“.
Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, ВТ Диет клубот и   Нинџицу клуб - Битола се промотори за здравјето, здравата исхрана и здравиот животен стил во Битола и пошироко.
Затоа со цел да ја подигнеме свеста за здравата исхрана и здравиот животен стил во соработка со Нинџицу клуб – Битола, на ден 15.10.2018 година, во просториите на Библиотеката  се одржа  бесплатен серијал на предавања од областа на здравата исхрана, здравиот начин на живот и квантно - информативината медицина.
Одлучивме нашето прво предавање да биде на темата: ,,Квантна медицина“.

Читај повеќе: Предавање на тема „Квантна медицина“

 

Мотивациски семинар „Можно е“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На наше големо задоволство на 20 октомври (сабота) со почеток од 12:00 до 13:30 часот во просториите на НУ Унивирзитетската Библиотека „Св. Климент Охридски‟ – Битола ќе бидеме иницијатори и учесници на едно прекрасно и позитивно мотивациско дружење, на кое говорници ќе бидат Елена Ѓ.Костадиновиќ и Ана Бајмак.

Настанот е во организација на НУ Универзитетската Библиотека “Св. Климент Охридски” – Битола во соработка со Универзитетското радио УКЛО ФМ и емисијата „Лабораторија на идеи“ .

Ве покануваме да бидете дел од ова дружење насловено „Можно е‟, затоа што ќе говориме и ќе разменуваме идеи и размисли за тоа дека во животот сѐ можно. Дружењето ќе го надополниме и со прекрасна инспиративна музика промовирајќи го албумот на Ана Бајмак „Можно е‟. Бидете сигурни дека ќе ја разбудиме вашата мотивација и инспирација сѐ со цел да го трансформирате вашиот живот.

Дали се запрашување зошто некои нешта во животот не ви успеваат и на крајот завршувате со констатацијата дека тоа не е можно?
Барате, истражувате и на крај констатирате дека не е можно. Се откажувате од вашите желби и соништа. Сигурни сте дека сте ги потрошиле и последните сили. Ги набројувате и анализирате сите обиди за успех и ништо не успеало.
Но, ние ве убедуваме во спротивното - дека Е МОЖНО!

Не е важно каква е вашата моментална состојба, важно е дека вие можете да ја промените!

Бидете лидери на сопствениот живот!

Донесете одлука и одберете ја својата реалност, со чиста и највозвишена мисла.

Вие тоа го заслужувате!

Говорници на семинарот ќе бидат:

- Елена Ѓорѓиевска Костадиновиќ е уредник и водител на емисијата за личен развој „Лабораторија на идеи“ што се емитува на Универзитетското радио УКЛО ФМ од 2011 година. Таа е новинар, телевизиски и радио водител. Како писателка, нејзината креативна енергија ја преточува во поетски и прозни дела.

Нејзиното седумгодишно искуство како уредник на емисијата „Лабораторија на идеи“ и дава уште поголема енергија за да влијае на зголемување на свесноста за моќта што секој поединец ја има за својата конструктивна лична промена. Големиот број разговори од областа на психологијата, филозофијата и духовноста што ги реализира Елена, секојдневно придонесуваат за ширење на позитивната мисла што Создателот ја всадил во секое човеково битие.

- Ана Бајмак е автор на албумот „Можно е‟ со нумери со мотивирачка и инспиративна содржина. Несвојствено за нејзината генерација, Ана Бајмак е одгледана со библиските настани и вистини кои како неотуѓив дел од нејзиниот мисловен живот се среќаваат и во нејзините песни. Во нејзиниот прв албум со модерна духовна музика таа се јавува како автор на осум од десетте песни. Со нежен глас и смирувачки ноти Ана пее за Божјата добирна и дарежливост, за искрените молитви, за смиреноста во тишината на ноќта, за верата, надежта и љубовта, но и за скршената доверба, лицемерието...

Во воведната нумера "Можно е" вели "сè додека дишам ќе се надевам... дека можно е да се сакаме"

Настанот е БЕСПЛАТЕН!

   

Предавање на тема „Квантна медицина“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

   

Страница 8 од 204

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер