English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

ПРОЕКТ ОД ОБЛАСТА НА МЕЃУНАРОДНАТА ДЕЈНОСТ – ШВЕДСКА

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Проектот беше реализиран во Шведска во период од 21-26.11. 2018, со работни посети на библиотеки во градовите Трелеборг, Малме и Лунд,, каде се наоѓаат голем број на иселеници од Македонија. Воспоставени беа и контакти со Друштва и поединци кои се вклучени во организирање на културни, образовни и други потреби на своите сонародници.

Штад библиотека во Малме (Stadsbiblioteket Malmö) е пример на библиотека која ги исполнува критериумите за да биде вистински центар на заедницата. На работна средба со одговорни лица и вработените во библиотеката се разговараше за искуствата на шведските библиотекари во организирањето на библиотечните програми за различни категории на библиотечните корисници. а воедно беше презентирана работата на македонските библиотекари, како и иновативни библиотечни активности на нашата библиотека.

Искуства од посета на дел од Оддели на библиотеката, како што е Оддел за роднокрајни збирки, Оддел за млади, Оддел за предучилишна и училишна возраст, Медијатека се вистински пример за воведување на новите библиотечни услуги. Беше презентирана и новата програма за соработка со научно - истражувачки кадар која се однесува на академското пишување и методологијата на истражувањето, програма која во наредниот период ќе биде составен дел од активностите поврзани со Универзитетот во Битола.

 

 

 

Универзитетска библиотека во Малме (Malmö University Library - Orkanen Library), иако по својата функција е свртена кон поддршка на учењето, сепак е широко отворена кон сите категории на граѓани, со што претставува вистински мултикултурни простор. Нашата делегација се сретна со директорката на библиотеката, која ни ги претстави активностите и организациската поставеност на институцијата преку различни програми и проекти врзани со студенти и наставно-научен кадар. Беа презентирани и е-извори и научни бази на податоци наменети за студенти и професори, како и за сите корисници, граѓани на Малме кои што имаат потреба од истите.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Јавната библиотека во Трелеборг (Trelleborg Library) е библиотека со помал обем на корисници, но не и со атрактивни и иновативни библиотечни активности. Раководител на Библиотеката и библиотекарите вработени во Одделот за деца презентираа бројни иновативни активности кои ги организираат за анимација на населението. Со оглед на голема традиција на шведските библиотекари, фондовите на библиотеки да бидат лесно достапни во секој дел од градот и околните места, библиотеката го поседува Библиобусот, проект кој што со години наназад е еден од најуспешните проекти како во Шведска така и во многу други земји.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Како дел од проектот е реализирана и работна на Македонското здружение „Пелистер“ во Трелеборг, каде се сретнавме со секретарот и дел од членовите на Здружението. Разговаравме за активностите на Здружението, нивните потреби за набавка на книги на мајчиниот јазик, како дел од програмата за најмладите и негување на јазикот и културното наследство. Преку кратка презентација на македонските писатели и книги, членовите ги запознавме со можностите за идна соработка.

Универзитетскиот кампус во Лунд е еден од најстарите во Европа. Универзитетската библиотека во Лунд (Lund University Library), формирана уште во 17. век претставува „срце на универзитетот“ и научно – истражувачка работа на универзитетот. Заменик директор не запозна со улогата и програмите на библиотеката со студенти и научно – наставен кадар, додека стручниот дел беше реализиран со библиотекари од поединечни оддели. Значајни се искуствата од Оддел за специјални збирки, за периодика, Раритетна граѓа и др. Особено беа интересни решенија за комплетирање на Збирка на ефемерна граѓа и дробен печат. Во библиотеката се наоѓа и многу вреден и уникатен материјал од втората светска војна за холокаустот. Збирката содржи ракописни сведоштва на затвореници од концентрациониот логор Равензбрик. Сите материјали се дигитализирани и достапни на WEB страната на Библиотеката. Во Одделот за каталогизација на монографски публикации ни беше презентирана шведската програма за обработка на библиотечниот фонд. На колегите од Шведска ја претставивме програмата COBISS и Виртуелната библиотека на Македонија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во рамките на Проектот дополнително е реализирана и посета на Национална и универзитетска библиотека во Копенхаген „The Royal Danish Library - Black Diamond“ во Данска, најголема библиотека во Скандинавија. Просторни можности и решенија на зградата се пример за функционално поврзување на традиционално и современо библиотечно работење.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Библиотеките во Скандинавија се единствени во креирање на иновативни програми со различен тип и возраста на библиотечните корисници, начинот на организациска поставеност на библиотеките, воведување на нови содржини наменети за наставно-научен кадар и студенти, како и во функционално користење на библиотечниот простор. Сите сервиси на библиотеката се бесплатни, како и во другите библиотеки во цела држава.

Проектот се реализира со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.

м-р Јелена Петровска, библиотекар советник

м-р Марија Малгожата Мачковска, библиотекар советник

 

 

Промоција на учебникот „Инклузивна педагогија“ од проф. д-р Марија Ристевска, 2018

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

НУ – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола и Педагошки факултет при Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола, Ве покануваат на промоција на учебникот „Инклузивна педагогија“ од проф. д-р Марија Ристевска, Педагошки факултет - Битола.

Промотори: проф. д-р Горан Ајдински, редовен професор на катедрата за дефектологија при УКИМ – Скопје и проф. д-р Анета Баракоска, редовен професор на катедрата за педагогија при УКИМ - Скопје.

 

14.12.2018 (петок) во 18 часот

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

(Сала за промоции)

   

Битолската библиотека денеска свечено го одбележа Патрониот празник

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Битолската библиотека денеска свечено го одбележа Патрониот празник. На почетокот на настанот на присутните им се обрати м-р Бојан Стефановски, директор на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. Присутните гости уживаа во прекрасниот поетско - музички рецитал по повод 50 години „Дениција“ од Петре М. Андреевски, Метафора на животот, љубовта и смртта во кој учествуваат професорите Николина Поповска, Марија Младеновска Димитровска и Марјан Тасевски и учениците Божидар Николовски и Борјана Видановска. На крај следеше промоција на Списанието Библиотечен тренд бр. 46, Зборник на излагања од 13-та Роднокрајна средба со битолските писатели од Македонија и Млади поетски перформанси (Избор на поетски творби), Книга 2 – промотор беше библиотекарот Илче Стојановски. На следниот линк следат повеќе фотографии https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157046487538679

   

Страница 7 од 211

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер