Настани

Меѓународна конференција - 48 Собрание на БЗМ

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На ден 21.12.2021 година, дел од библиотекарите од НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола учествуваа на Меѓународната конференција на Библиотекарското здружение на Македонија - 48 Собрание на БЗМ.

На оваа конференција колеги библиотекари од повеќе библиотеки од земјава и странство ги излагаат своите трудови во вториот дел од конференцијата.

 

 

 

ИВО АНДРИЌ – 60 ГОДИНИ ОД НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ПОСВЕТЕНА НА БИБЛИОТЕКИТЕ

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Есента 1961 година Иво Андриќ ја добива Нобеловата награда за литература. Годинава се одбележуваат 60 години од добивањето на истата. По тој повод НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола овој значаен јубилеј ќе го одбележи преку повеќе активности наменети како за читателите така и за библиотекарите кои Иво Андриќ високо ги ценеше.

Иво Андриќ e писател со силна имагинација, а истовремено и одличен познавач на историските услови на стара Босна, за којашто и најчесто пишувал. Основните карактеристики на неговите дела се префинетата психолошка анализа, длабокото понирање во суштинските проблеми на егзистенцијата и моќта со сугестивната магија на поетскиот збор да ја долови човечката и општествената панорама на  изминатите векови. Користејќи ги народните преданија, легендите, историската фактографија, а пред се плодотворно богатство на својата фантазија и чувството за светот, Андриќ изгради монументално уметничко дело во книжевноста на оваа епоха.(Андриќ, И., Деца; 1998, стр.207)

Благодарение на големиот епски стил кој го поседувал во литературното изразување многу успешно опишувал теми од историјата на својата земја и судбината на луѓето од тие подрачја. Овој талент му ја носи Нобеловата награда за литература која му е доделена во 1961 година.
„Нобеловата награда ја сметам како огромно признание за целокупната книжевност во мојата земја“ била реакцијата на Иво Андриќ, при добивањето на Нобеловата награда. Тој оваа награда ја добива за делото „Мостот на Дрина“, како и за севкупно книжевно творештво.

Неговата најголема љубов бил пишаниот збор и читање, така што не нè изненадува неговата благородна постапка, наградата да ја подари на Босна и Херцеговина за развој на библиотекарството и подобрување на народните библиотеки низ земјата. Пишаните документи сведочат за негов исклучително богат живот, зборувал пет јазици, а пред почеток на Втората Светска Војна бил амбасадор во Германија. Во Југославија беше ценет како писател но и како човек кои што повеќе пати донирал во хуманитарни цели, особено во библиотеки. Со својот пример на скромен и повлечен човек и врвен писател имал големо влијание на средината.
„Секоја јавна библиотека е ризница на нашето општо добро наречено: книгата. Секој може да позајмува од библиотеката и затоа секој треба да придонесе во неа, а никој никогаш ништо да не земе од неа.“
По овој повод од 20.12.2021 во холот на Библиотеката е поставена изложба на неговите дела на повеќе јазици.
Подготвил текст: м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски
Изложбата ја подготвија: Маријан Колевски, Марија Марковска и м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски

Повеќе фотографии од изложбата на следниот линк: NUUB Facebook

   

Мултимедијален филм за Блаже Конески

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

„Нашиот јазик е нашата татковина.“ Со овие зборови учениците од IX одд. од ООУ„Стив Наумов“ - Битола под менторство на наставничката по македонски јазик Магдалена Сајкова ја започнаа презентацијата на мултимедијалниот филм посветен за животот и делото на великанот Блаже Конески.
Голема благодарност до наставничката и до сите ученици кои што беа вклучени во овој проект за изработка на еден ваков филм.
Подготвија: Вера Марковска и Ирена Колевска

Повеќе фотографии од овој настан на следниот линк: NUUB Facebook

   

Страница 5 од 314

Сподели на Facebook