Настани

Кафе и книги со наши локални писатели

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )
НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола имаше големо задоволство овој пат на кафе да биде со нашите локални писатели Михајло Свидерски и Славица Гаџова Свидерска, кои љубовта кон пишаниот збор ги издигна на едно друго ниво. Тие се писатели кои имаа можност Македонската поезија и проза да ја претставуваат на многу поетски вечери насекаде низ светот. Кога ги запрашавме за своите почетоци и за тоа од кога тие почнале да пишуваат Михајло за своите почетоци ни кажа:„ Мојата инспирација доаѓа од светот околу мене. Имав обид да напишам роман уште во школските години „Францускиот трговец“, нешто што повеќе личи на роман за возрасни..“ Славица пак за своите почетоци ни рече„ Некаде во шесто или седмо одделение имам некаков нескротлив повик да ги запишам мислите кои што надоаѓаат. На мои 16 години ја објавив првата збирка поезија „Бесконечност“. Додека „Жетва на душата“ е првата збирка поезија која ја напишал Михајло.
Уште поинтересна беше да се слушне и нивната животна приказна, кога и каде овие два писатели, љубители на пишаниот збор се сретнале. И двајцата низ прекрасна насмевка ни кажаа дека прв пат се сретнале на поетските средби „Караманови“ во 2013 година во Радовиш, за по само една година својата љубов и нивната љубов кон поезијата и пишаниот збор да го делат заедно во својот дом со своето прекрасно синче. Но не само во домот, љубовта кон пишаниот збор тие ја делат и на работа. Заедно ја основале Издавачката куќа „Восток“, со која успешно раководат. Кога ги запрашавме да ни одделат едно од своите дела, иако сите им се драги, Михалјо ни откри за романот кој е во подготовка „Синовите на Адам“ кој всушност претставува една вистинска приказна, потресно сведоштво, роман кој на површина ги носи мрачните вистини кои остануваат скриени. Славица пак, ни посочи две нејзини книги „Политика на љубовта“ која е нај кохерентна како целина. Сите настаните следат еден концепт. Продолжение или друга страна на ова книга е „Политики на стравот“ во која пак е опишана другата страна на стравовите. Славица има објавено 4 збирки поезија и 3 монографии, додека Михајло има објавено 6 книги. За својот труд тие имаат освоено многу награди како кај нас така и подалеку. Која ги замоливме да ни одделат по една најдрага награда, Михајло ни ја издвои својата награда добиена во Казахстан во 2018 година, награда од Министерството за кутура за песната „Седмица“, додека Славица за наградата добиена во Пловдив, Бугарија за песната „Лирата на Орфеј“ во 2019 година. За крај Михајло Свидерски на сите наши читатели им порачува: „Да читаат македонски автори“, а на ова Славица Гаџова Свидерски се надоврза велејќи дека во нашиот град има: „ Мала литература со големи вредности“. А ние на овие прекрасни писатели сакаме од срце да им се заблагодариме што ја прифатија нашата покана и бае дел од оваа активност на НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола и им посакуваме уште поголеми успеси и понатамошна соработка.
 

Конкурс на тема „Учителот“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

По повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески, Центарот за литература, уметност, култура, ораторство и јазик при Педагошкиот факултет - Битола распишува
КОНКУРС на тема „Учителот“
1. За литературна творба – песна (за ученици од основното и средното образование и за студенти),
2. За ликовна творба (за ученици од основното и средното образование и за студенти).

Конкурсот е отворен од денот на објавувањето и трае до 30 септември 2021 година. Резултатите ќе бидат објавени на веб-страницата на Педагошки факултет - Битола (www.pfbt.uklo.edu.mk), а на 5 октомври 2021 (по повод Светскиот ден на учителот) ќе биде организирано литературно читање и ликовна изложба на пристигнатите творби во просториите на Педагошкиот факултет – Битола или онлајн (во зависност од ситуацијата со Ковид-пандемијата), а потоа ќе се објави зборник на трудови посветени на Блаже Конески. Наградените учесници на конкурсот, освен признание за освоено место и објава во зборникот ќе добијат и книги од македонски автори.

Трудовите за точка 1 од конкурсот како посебни документи (doc. или docx) да се испраќаат во електронска форма со назнака за која точка од конкурсот се конкурира на следнава емаил адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Ликовните творби (трудовите од точка 2) да се испраќаат на истата емаил адреса Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите но и на адреса: Педагошки факултет ул. „Васко Карангелевски“ бб Битола со назнака „За Учителот“.

Еден автор може да испрати најмногу три творби. Авторите треба да ги испратат и следниве податоци заедно со творбата во истиот документ/ пратка:
а) за учениците: име и презиме, одделение, училиште, град, контакт телефон и емаил, податоци за творбата и ментор - наставник ако е соодветно;
б) за студентите: име и презиме, факултет, контакт телефон и емаил и податоци за творбата.
Се напоменува дека треба да се испраќаат трудови коишто не се објавени претходно ниту во печатена, ниту во електронска верзија на кој било медиум и кои не биле наградувани на други конкурси.

Ред. проф. д-р Добри Петровски, декан
Педагошки факултет-Битола

Битола, 10.9.2021

   

Светска конференција на национални библиотеки

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На 16-17 Септември се одржа Светската конференција на национални библиотеки  „National Libraries Now conference 2021“ -  Лондон.
На оваа онлајн конференција учество зедоа над 60 трудови на библиотекари од Националните библиотеки од сите страни на светот.
Националната установа-Универзитетска библиотека„ Св. Климент Охридски“- Битола учестуваваше со трудот “Новите иновативни програми во време на пандемија“ на библиотекарот м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски.
На оваа конференција библиотекарите од Националните библиотеки ширум светот имаа можност да разговараат за тековните проблеми, но и да споделат нови програми  и предизвици со кои се сретнале во овој период на пандемија.

   

Страница 5 од 294

Сподели на Facebook