Настани

Партнерски состанок во Атина, Грција

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Од 21 до 23 ноември 2021 година во Атина, Грција се одржа партнерски состанок во рамки на проектот „ГОРДОСТ 1 – Зачувување на ромскиот јазик преку употреба на онлине речник?“
На состанокот беа претставници од Грција, Унгарија, Германија,  Романија, Србија и нашата библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола.

На средбата беа презентирани резултатите од спроведените прашалници за потреба од подготовка на онлајн речник на Ромскиот јазик, како алатка за чување и примена на јазикот.

По развиената дискусија и презентирање на одговорите од истражувањето во врска со прашањето за потребата на речникот и неговата примена, се поттикнаа различни мислења кои резултираа со потреба од подготовка на сликовен, визуелен речник за најмладите, како и за зборови кои најмногу се користат во секојдневниот живот.

Од дискусијата произлегоа и низа иницијативи за следните активности и за наредни проекти.
Координатор на проектот е НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола.
Проектот е во рамки на програмата клучна акција 204 – Стратешки партнерства за образование на возрасни, клучна акција 204 – Стратегиски партнерства за образование на возрасни, финансирана од Европската комисија преку Еразмус + програмата.

Повеќе фотографии од состанокот ќе најдете на следниот линк: NUUB Facebook

 

16. Роднокрајна средба на битолските писатели

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На 27.10.2021 г. во просториите на НУУБ „Св.Климент Охридски“ Битола се одржа традиционалната  16.(Шеснаесетта) Роднокрајна средба на битолските писатели во Македонија.

Темата на Тркалезната маса беше: “Пишувањето – комуникација со моето небо и другите”.

Беа пристигнати 12 текстови од учесниците од Битола, и Скопје меѓу кои Академик Владимир Костов, проф.д-р Христо Петрески, Добре Тодоровски, Академик Зоран Пејковски, Петре Димовски, Ѓорѓи Прчков, Љубе Митрејчевски, Сања Мучкајева-Видановска, Весна Мундишевска-Вељановска, Илче Стојановски, Јован Ѓуровски, Биљана Т.Димко и активно присутен поетот Никола Илијовски.
Текстовите од Средбата се публикувани во 16-тиот Зборник на излагања.

Повеќе фотографии од оваа средба на следниот линк: NUUB Facebook

   

Работна средба за Еразмус проектите

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На ден 17 ноември 2021 година, директорот на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, м-р Бојан Стефановски, оствари работна средба со г-дин Роналд Шункнехт од германската организација „Југендстил“.
На средбата се разговараше за двата Еразмус проекти во кои е вклучена библиотеката, во рамки на проектот на стратешкото партнерство „Sasas Jekhvar Jekh – Once upon a time...“ и за проектот ГОРДОСТ 1 – Зачувување на ромскиот јазик преку употреба на онлине речник“ на кој Библиотеката е координатор. Двата проекта се финансирани од Европската комисија преку Еразмус + програмата.
На средбата г-динот Роналд Шункнехт изрази задоволство од успешните постигнати резултати, за активностите и за професионалниот однос и извршување на задачите на лицата кои се вклучени во проектите.
На состанокот беа присутни м-р Јелена Петровска, програмски раководител и учесник во проектите, м-р Фатма Бајрам Аземовска - координатор на Еразмус проектите.
На средбата се разговараше и за идна соработка и проекти кои може да се реализираат.

Повеќе фотографии од овој настан на следниот линк: NUUB Facebook

 

 

   

Страница 2 од 303

Сподели на Facebook