Настани

Работна средба - размена на искуства

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На ден 04.11.2021 година се оствари средба со директорката на ООУ „Елпида Караманди“- Битола, Татјана Дамчевска и вработените од НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола, Фатма Бајрам Аземовска и Гордана Ѓоргиевска-Неделковски.
На средба се разговараше за активности помеѓу двете институции, тековните проекти од Еразмус плус програмата, но и запознавање со ЕПАЛЕ платформата која нуди многу можности за професионален напредок. Резултатите од овие средби секогаш придонесуваат за непречена соработка помеѓу овие две институции кои се грижат за напредокот на воспитно образовниот процес и вклучување на заедницата во различнии активности.

 

Активности по повод 4 Ноември, Ден на ослободувањето на Битола

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

НУУБ „Св. Климент Охридски„ - Битола го празнува 4 Ноември - Денот на ослободувањето на градот Битола, заедно со учениците од ООУ „Елпида Караманди“ - Битола.

По повод 4 Ноември - Денот на ослободувањето на градот Битола, учениците од ООУ „Елпида Караманди“, под менторство на наставничката по македонски јазик Сузана Петковски, ни прочитаа прекрасни лични творби посветени на овој празник на градот. Активноста се одвиваше во кабинетот по македонски јазик и во училишната библиотека кои беа украсени во духот на денешниот празник и Месецот на книгата.
Детските срца кријат волшепство. Иако родени децении после историското ослободување, подеднакво сочувствуваат со настаните од тој период и се горди на ослободувањето. Во секој нивен збор се чувствува магијата на убавините на нашиот град Битола.    
Голема благодарност до учениците кои зедоа учество во денешната активност, до менторот Сузана Петковски и до директорката Татјана Дамчевска.

Повеќе од овој настан на следниот линк: NUUB Facebook

   

Во сеќавање на Панде Манојлов, изложба на неговите дела

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, беше презентирана изложбата на делата на Панде Манојлов, битолскиот поет, раскажувач и новинар.
Настанот се одржа во НУУБ „ Св.Климент Охридски“ - Битола, а беа рецитирани и песни во негова чест, од страна на Силвана Петрова Насух.
Освен делата, беа изложени и признанијата кои тој ги доби не само во Македонија, туку и низ светот, беше прочитано и писмото, обраќањето од Раде Силјан.
Изложбата беше организирана по иницијатива на Љупчо Василевски и м-р Добре Тодоровски.
Панде Манојлов по заминувањето во пензија активно се посветил на пишување на поезија, а имал издадено триесетина печатени изданија. Пишувал на многу теми, како и за децата, а неговите дела се преведувани на неколку јазици. Носител на голем број на награди и признанија. Една од неговите најпознати песни е песната посветена на Палестина. Така во 2017 тата во Скопје му беше врачено големо признание од страна на амбасадорот на Палестина.
За збирката поезија „Јужни реки“ ја доби наградата на ДПМ за поезија „Ацо Шопов“ за 2019 година. Последна во низата објавени книги му беше Егзотичен ветер.
Меѓу останатите се и поетските збирки: „Црвен немир во црвено пламти“, „Соѕвездие на болот“ , „Песни за Тито“, „Огнена земја“, „Блажевина“, „За Битола, вековите и љубовта“, „Македонски поетски молк“ и други.
Пишувал и поезија за деца, раскази за деца и возрасни, хумористично-сатирични дела и театарски критики: „Талија на битолската сцена“ (2003). Автор е и на книгата сведоштва „До Учителот – низ сито и решето“ (2015).
За својата поезија знаеше да каже „Јас не пишувам песни, не пишувам раскази, ниту романи. Тие ме пишуваат мене“.
Една од песните посветени на нашиот град беше и Битола моја. Во 2016 тата беше примен како почесен член на друштвото на писателите на Калифорнија. Неговата прва стихозбирка Црвен немир во црвено пламти излезе од печат во 1971 година.
Бил член на друштвото на писателите на Македонија, член на независните писатели на Бугарија и на асоцијацијата на писатели од Калифорнија. Почина на 7 ноември 2020 година, на 72 годишна возраст.

Повеќе фотографии од овој настан, на следниот линк: NUUB Facebook

   

Страница 6 од 303

Сподели на Facebook