English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

Распеано и разиграно со учениците од ОУ „Стив Наумов“ - Битола

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

По повод месецот на книгата и Патрониот празник на ОУ „Стив Наумов“ - Битола учениците од II одделение ја посетија НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола. Целта на посетата беше да се поттикнат децата да читаат, да се развие свеста за ЕКОЛОГИЈАТА. Во текот на посетата гледавме едукативен цртан филм, разговаравме за селектирање, рециклирање...грижа за околината...и на крајот посетата ја завршивме со Еко пораки и песнички. На следниот линк следат повеќе фотографи https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157852227063679

 

Изложба по повод ОКТОМВРИ – ДЕН НА МAКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

По повод 23 ОКТОМВРИ – ДЕН НА МAКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА, во холот на Библиотеката е поставена изложба на книги. На денешен ден, 23 октомври 1893 година во Солун е основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), која подоцна станува македонско национално движење и дејствува со цел за извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба. Имено на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за

Читај повеќе: Изложба по повод ОКТОМВРИ – ДЕН НА МAКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

   

Посета на ученици по повод Месецот на книгата

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

„Месецот на книгата“ веќе традиционално се одбележува секоја година во периодот од 15 октомври до 15 ноември и во дел од училиштата и општините од државата со цел да се придонесе за популаризација на читањето меѓу учениците.
Една од најважните функции на Библиотеката е популаризацијата на книгата и читањето, развивање на свеста и навиките за читање.
Октомври е месец на книгата, кога се трудиме да го поттикнеме читањето и моќта на книгата меѓу најмладите.
По тој повод, на ден 22.10.2019 година над  100 ученици од ОУ „Климент Охридски “ - Битола ја посетија Библиотеката по повод Октомври - месецот на книгата. На следниот линк следат повеќе фотографии
https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157852117648679

   

Страница 1 од 233

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер