English French German Macedonian

Настани

Одбележан Светскиот ден на поезијата

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола и Битолскиот книжевен круг денеска го одбележаа Светскиот ден на поезијата.

На почетокот на средбата се обрати директорот на библиотеката м-р Бојан Стефановски кој рече „Светскиот ден на поезијата е можност да се сврти вниманието на секој жител на планетата кон единствената карактеристика на поезијата, допирање на најдлабоките жици на душата во една личност, будење на креативни способности и одговарање на какви било духовни прашања. Многу луѓе го наоѓаат својот мир и релаксација во поезијата, благодарение на поетскиот збор, учат да се разберат себеси, во своите мисли и емоционални искуства.

Овој ден е еден вид поттик за развој не само на поезијата, туку и на другите видови уметност, бидејќи во настаните е вклучена каква било креативна насока, било да е тоа танц или музика“.
Секоја година, 21 Март е резервиран за одбележување на три големи настани. Освен што ќе и кажеме големо “Добредојде” на пролетта, на екологијата и ќе го прославиме и Светскиот ден на поезијата.
Една од повеќето причини зошто се означува токму Светскиот ден на поезијата, е одржување во употреба на усмениот рецитал. На овој начин се обновуваат и дијалозите помеѓу поезијата и другите уметности.

Одлуката токму 21 март да се прославува како Светски ден на поезијата била усвоена во Париз во 1999 година. Оттогаш, овој ден се прославува со книжевни собири низ целиот свет од страна на поетите кои испраќаат пораки во чест на стиховното творештво.

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола и Битолскиот книжевен круг даваат поддршка на поезијата, враќање на усната традиција на поетски рецитали, промоција на едукацијата за поезијата, обновување на дијалогот меѓу поезијата и другите уметности (театарот, танцот, музиката, сликарството), поддршка на малите издавачи и создавање атрактивна слика за поезијата во медиумите.
Повеќе фотографии од овој настан на следниот линк: НУУБ-Facebook

 

Светски ден на поезијата 2021

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

   

Хортикултурни содржини во библиотеката во Битола

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

„ОД ГРАДИНАТА НА БАБА МИ“ - Изложба на Слободан Рајчевски
Книги на жени нобеловки


На ден  5 Март, во холот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола беше отворена изложба по повод Меѓународниот празник на жената со тема  „ОД ГРАДИНАТА НА БАБА МИ“. Изложбата со своите содржини ја спои уметноста преку слики со мотиви на цвеќе од авторот Слободан Рајчевски, и литературата преку изложени книги на жени писателки носители на нобелова награда за книжевност. На отворањето на изложбата пригодни обраќања имаа, како претставници на Библиотеката, директорот м-р Бојан Стефановски и Јелена Петровска и авторот Слободан Рајчевски.

Авторот, нашиот сограѓанин и читател ги сподели своите дела со библиотеката и на тој начин ни го оплемени просторот, а со тоа ни овозможи и да го промовираме концептот за хортикултурна библиотека со единствена цел да ја подигнеме свеста за менување на средината каде што живееме, за една нова цветна Битола.
Повеќе фотографии од изложбата ќе најдете на следниот линк: NUUB Facebook

 

 

 

   

Страница 4 од 269

Сподели на Facebook