Настани

Други активности 17.11.2007 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа ) ТРИБИНА НА ТЕМА:
“БАЛКАНСКАТА САГА”

Француската Аијанса од Битола го покани Господинот Луан Старова за една конференција која се одржа на 17 Ноември 2008 година, во салата за промоции на Библиотеката во 18 часот на тема: “Балканската сага” и приемот на неговата последна книга во Франција насловена Во потрага по Елен Лебовитз.
Балканската сага на господинот Старова (десет тома) е преведена на повеќе јазици и европската литературна критика ги става неговите дела помеѓу романите на Исмаил Кадаре и Данило Киш. Старова е член на МАНУ. Тој имаше универзитетска и дипломатска кариера. Тој беше првиот Амбасадор на Република Македонија во Франција.
 

Други активности 07.11.2008 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа ) ДЕВЕТТИ ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР НА МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ
Националната установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”
од Битола, на ден 07 Ноември 2008  година, во роднокрајното одделение со почеток во 12 часот го одржа деветтиот по ред општински натпревар на “Млади библиотекари” до 14 годишна возраст.
На натпреварот учествуваа вкупно 14 претставници по еден од сите Основни училишта од општините Битола, Могила и Новаци и од поголемите селски населби: Бистрица и Добрушево.
За подготовка на учесниците на натпреварот Библиотеката им го обезбеди новиот Прирачник за подготовка на кандидати за натпреварот Млади библиотекари од г-дин Миле Бошески директор на Народната и Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” од Скопје.

Читај повеќе: Други активности 07.11.2008 г.

   

Други активности 09.10.2008 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа ) ДОДЕЛУВАЊЕ НА МЕДАЛЈИ
Здружението за македонско италијанско пријателство и соработка на овој ден во салата за промоции на Библиотеката со почеток во 12 часот организираше доделување на медалји.
   

Страница 291 од 314

Сподели на Facebook