Настани

Други активности 03.12.2008 г. (среда) во 12 часот

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Националната установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” од Битола за одбележување на својот Патронен празник “Св. Климент” 08.12.2008 г. изготви
Програма
на културни активности и тоа:
03.12.2008 г. (среда) во 12 часот
Поздравна реч пред гостите одржа г-дин Науме Ѓоргиевски директор на Библиотеката “Св. Климент Охридски”.
Промоција на
- Зборник Трета роднокрајна средба, која се одржа во Библиотеката на 22.05.2008 година во роднокрајното одделение и салата за промоции на Библиотеката под медијаторство на Николче Велјановски.
Претставување на
- Одбрани дела од Ѓорѓи Прчков. Промотори: Панде Манојлов и д-р Николче Валјановски

 

Други активности 21.11.2008 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа ) РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР
“МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ “ ВО КОЧАНИ

Во петокот на 21.11.2008 година, во Јавната општинска установа Библиотека (ЈОУБ)  “ИСКРА” во Кочани во 11 часот во организација на Друштвото на библиотекарите на Македонија беше одржан деветтиот Републиучки натпревар “Млади библиотекари” до 14 годишна возраст. На натпреварот учество зедоа 24 натпреварувачи од сите Библиотеки од Македонија.
Првото место со максимален број на бодови го освои Мартин Јоновски од ОУ “Даме Груев” како претставник од Националната установа - Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” од Битола.
Наградите и Дипломите на учесниците ги врачи претседателот на Библиотекарското друштво на Македонија г-дин Кирил Ангелов од Скопје.
   

Други активности 17.11.2007 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа ) ТРИБИНА НА ТЕМА:
“БАЛКАНСКАТА САГА”

Француската Аијанса од Битола го покани Господинот Луан Старова за една конференција која се одржа на 17 Ноември 2008 година, во салата за промоции на Библиотеката во 18 часот на тема: “Балканската сага” и приемот на неговата последна книга во Франција насловена Во потрага по Елен Лебовитз.
Балканската сага на господинот Старова (десет тома) е преведена на повеќе јазици и европската литературна критика ги става неговите дела помеѓу романите на Исмаил Кадаре и Данило Киш. Старова е член на МАНУ. Тој имаше универзитетска и дипломатска кариера. Тој беше првиот Амбасадор на Република Македонија во Франција.
   

Страница 280 од 303

Сподели на Facebook