Настани

Посети 16.04.2009 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )
Во рамките на Акцијата насловена како Школски час во Библиотеката што е организирана во соработка со Основните училишта од градот на 16 април 2009 година, во 10 часот Библиотеката ја посетија ученици од петто и шесто одделение при ОУ Трифун Пановски од Битола предводени од нивните наставници. Учениците беа примени од г-дин Драги Кабровски вработен во одделот за културни активности во Библиотеката и низ разговор беа запознати во кратки црти со развојот и значењето на Библиотеката, од нејзиното формирање до денес, како и со начинот на кој се врши пребарувањето на саканата книга по пат на компјутерите што се поставени во холот на Библиотеката.  

 
 

Изложби 15.04.2009 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )
На 15.04.1980 година, во Охрид почина познатиот македонски детски писател Ванчо Николески. Од 1950 година беше член на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ). Автор е на прославената стихозбирка Македонче, објавена во 1946 година, со која беа поставени темелите на современата македонска книжевност за деца. Познати негови дела се: Школско свонче,Крај огниште,Прва радости  Чудотворен кавал. Роден е во селото Црвена вода, охридско, на 10.06.1912 година. По тој повод во Библиотеката во холот беше поставена изложба на книги од неговото творештво.

 
   

Промоција на БИБЛИОГРАФИЈА на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола (1945-2008)

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Библиографија

По повод 64 годишнината од основањето на Библиотеката „Св. Климент Охридски“ - Битола на 25 Март 2009 год. (среда) во 12 часот се оддржа промоција на книгата „Библиографија“. 

Составиле, уредиле и редактирале: Јоланда Бошевска, Лена Секуловска и Цвeтанка Дамјановска, вработени во одделот Библиографско - библиотечни информации. 

Промотор: Анита Ангелевска

       Проектот  „Библиографија“ на Националната установа - Универзитетска библиотека Св.Климент Охридски - Битола: 1945-2008 преставува збир на историски податоци  за развојот на Библиотеката како резултат на истражувањето на

Читај повеќе: Промоција на БИБЛИОГРАФИЈА на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола (1945-2008)

   

Страница 278 од 314

Сподели на Facebook