Настани

45 години Битолски весник

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Националната установа Универзитетска библиотека Св. Климент Охридски од Битола по повод 45 годишнината на Битолски весникво холот на Библиотеката припреми изложба на сите досегашни броеви од 1964 година па до денес. Во присуство на голем број гости, меѓу кои директорот на Библиотеката г-дин Науме Ѓоргиевски, градоначалникот на Битола г-дин Владимир Талески, претседавачот на општинското собрание г-ѓа Лилјана Кузмановска, градоначалниците на општините Новаци и Могила, почесните конзули на конзулатите беше презентиран 45 годишниот историјат на овој информатор на град Битола.

Читај повеќе: 45 години Битолски весник

 

Светски ден на книгата (23.04.2009 г.)

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

По повод Светскиот ден на книгата, Библиотеката Св. Климент Охридски од Битола, на 23 април во 12 часот ја посетија учениците од Основното училиште Даме Груев од Битола. Нив од името на директорот и вработените во Библиотеката и од свое име ги поздрави г-ѓа Андоновска Ленче, програмски директор на Библиотеката. Средбата се одржа во салата за промоции на Библиотеката каде преку видеобим беа презентирани книгите од тројцата светски писатели: Вилијам Шекспир, Мигуел Де Сервантес и Лопе Де ла Вега кои се починати на 23 април, додека пак од страна на УНЕСКО овој ден е избран како симболичен ден на светската книжевност или како Светски ден на книгата и на авторското право.

Читај повеќе: Светски ден на книгата (23.04.2009 г.)

   

Изложби 17.04.2009 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

На 20 април 1982 година, во Скопје почина Ацо Шопов, истакнат македонски писател и академик. Неговата прва книга под наслов Песни е објавена во 1944 година, а попознати негови дела се: На грамос, Стихови за маката и радоста, Ветерот носи убаво време и Небиднина. Беше уредник на книжевните списанија: Иднина, Нов ден, Хоризонт, и Современост. Роден е во Штип на 20.12.1923 година. По повод годишнината од смртта во холот на Библиотеката беше приредена изложба од неговите книги.

 

 


 

 

   

Страница 277 од 314

Сподели на Facebook